Ова денес МОРА да го направите: Верниците го слават Св. Стефан

Постојат голем број народни верувања врзани за денот на св. Стефан, а најраспостранетото се однесува на изнесување на божиќната слама од куќата.Верниците денес го слават св. Стефан првиот од седумте ѓакони (Стефан, Филип, Прохор, Никифор, Тимон, Пармен, Никола). Со него почнува подвигот на мачениците, па во таа смисла и е наречен првомаченик. Пострада од евреите во Синедрионот, откако во долга беседа им докажуваше дека оној Исус кого тие го убија беше навистина Помазаникот што го очекуваат, т.е. Христос.
Постојат голем број народни верувања врзани за Св. Стефан, а најраспостранетото се однесува на изнесување на божиќната слама од куќата. Сламата никако не смеете да ја фрлате бидејќи се верувало во нејзината плодна моќ, па се става поради поттикнување на родот и напредување.
Во Шумадиските села на денот на св. Стефан се „обиколуваат сливите“. Домаќинот со секира заминува во овоштарникот да ги отсече стеблата кои не раѓаат плод. Треба да замавне со секирата а некој кој е со него да го спречи во намерата велејќи му дека оваа година ќе роди ставајќи малку од божиќната слама во коренот на стеблото. И така од дрво на дрво додека не се потроши сламата, за да се подобри родот на сите дрва кои претходната година биле неплодни. Се верува дека божиќната слама ќе ги заштити стеблата од град.
Во некои краеви божиќната слама ја отстранувале веднаш по полноќ на св. Стефан. Сламата ја изнесувале жените, по правилото на молчење – да не се чуе како заминува Божиќ…

 

Некаде тоа го правеле жените голи, бидејќи се верувало дека на тој начин нема да има болви во куќите.
Сламата најчесто се изнесувала во лозјето, за подобар род на грозјето, или била ставана во гнездата за кокошките подобро да носат јајца и да носат повеќе пилиња. Метлата со која сламата во домот е изметена не се употребува за други цели во текот на годината, бидејќи е чувана поради здравје.
Славскиот колач за денот на св. Стефан се меси ден пред славата и се украсува со фигури од птици, жито, грозје, буриња, книга. Се изнесува на веќе збогатена маса со суво овошје, ореви, мед, јаболки и портокали, а потоа се сече или крши.
За оваа слава во шега се вели дека ја слават скржави луѓе, бидејќи ситите гости после Божиќните слави тешко дека можат многу да изедат и да испијат.
Сепак, најважно е домаќинот на маса да го изнесе славскиот колач и на трпезата покрај иконата на св. Стефан да гори свеќа и во домаќинската куќа да дојдат неговите најблиски роднини, пријатели, кумови. Само тогаш во кругот на фамилијата, славата има смисла.Верниците денес го слават св. Стефан првиот од седумте ѓакони (Стефан, Филип, Прохор, Никифор, Тимон, Пармен, Никола). Со него почнува подвигот на

Пронајдете не на следниве мрежи: