Пол Емил Фон Лето-Форбек бил заповедник на мала германска војска – составена претежно од црнци, која во Првата светска војна се борела против Британија на територијата на Источна Африка.Како совршен познавач на герилското војување, генералот Фон Лето-Форбек се однесувал во склад со витешкиот кодекс на војување, чии принципи биле честа, почитта кон непријателот и хумано однесување кон противничките борци и цивили.
За време на војната во која црнечките војници во американската војска биле изложени на дискриминација, Фон Лето-Форбек не правел разлика помеѓу африканските „аскарии“ (војник на свахили) и Германците под својата команда. Течно говорел свахили, што му донело големо почитување и восхит кај африканските војници. Тој именувал офицери со темен тен и верувал дека „сите ние тука сме Африканци“.
Тој никогаш не бил поразен во битка, а се предал дури кога во ноември 1918. дознал дека е потпишано примирје помеѓу царството на Германија и претставниците на Антантата. Британија им дозволила на германските војници (белците) да се вратат дома, но црнците биле затворени во логори. Генералот Фон Лето-Форбек одбивал да оди, се` додека не му беше ветено дека неговите војници ќе добијат пристоен третман.
По враќањето во Германија, Фон Лето-Форбек активно се занимавал со политика и се обидел да создаде конзервативна опозиција на нацистите. Неколкуте свои црнечки офицери ги донел со себе и тие служеле во германските фрајкори.
Внукот на еден офицер на ЅЅ, во 60-тите години наводно изјави дека генералот му рекол на Хитлер „да оде*е“, кога во 1935 година му била понудена положбата за дипломатски претставник во Судот на Свети Џејмс, во Лондон. Иако нацистите константно го малтретирале, тој го преживеал нивниот режим благодарејќи на популарноста која ја стекнал како олицетворение на херој од старата школа.
Стариот генерал никогаш не ги заборавил своите аскарии. Во 1935 година, тој отишол во Источна Африка, каде што со солзи го дочекале неговите некогашни војници.
Враќајќи се во Европа, тој се залагал за нивната безбедност. Кога починал во 1964 година (на 93-годишна возраст), владата на Западна Германија и Бундесвер го организираа доаѓањето на двајца негови поранешни африкански војници кои присуствуваа на погребот на „својот“ генерал.
Неговиот најголема желба се исполнила неколку месеци подоцна. Имено, западно-германскиот Бундестаг изгласал на африканските „аскарии“ да им се исплати заостанатата плата.Како совршен познавач на герилското војување, генералот Фон Лето-Форбек се однесувал во склад со витешкиот кодекс на војување, чии принципи биле че