Ова е КОМПЛЕТНАТА историја на Монсанто – корпорацијата на злото! II дел

Како главен изложувач на генетски модифицираната храна, Монсанто е фокус на многу антиглобалистички и еколошки кампањи. Посебно поради семето на сојата и хормонот за раст на стоката. Уште еден од проблемите врзани со ГМО семињата која ги произведува ова претпријатие е и тоа што кога еднаш ќе се засее генетски модифицирано семе, на тоа земјиште веќе ништо друго не може да расте. По зборовите на потпретседателот на Монсанто од 1998 година „компанијата нема да гарантира за сигурноста на храната која ја произведува, затоа што наша цел е што поголема продажба, а задача на министерството (FDA) е да ја контролира сигурноста“. Во случај ако го пропуштивте првиот дел, можете да го прочитате на следниот ЛИНК.1980-ти: Иако истражувањата ги докажале токсичните ефекти на аспартамот, тогашниот претседател Роналд Реган го поставува д-р Артур Хејс на чело на ФДА, кој ја одобрува употребата на НутраСвит (NutraSweet) во исушените производи. Вистинската цел била аспартамот да се одобри како засладувач на безалкохолните пијалоци, бидејќи исцрпните истражувања откриле дека на температури поголеми од 85 Фаренхајтови степени „се претвора во познат токсин дикетопиперазин (ДКП), метил (дрвен) алкохол и формалдехид“, станувајќи многупати посмртоносен.
Националната асоцијација за газирани пијалоци – НСДА, во почетокот се бунеше за употребата на овој засладувач, плашејќи се од идни тужби, како и од трајно повредени потрошувачи или убиени луѓе кои би го конзумирале овој отров.
Но, кога Серл покажал дека течниот аспартам, иако е неверојатно смртоносен, предизвикува многу поголема зависност отколку крек кокаинот, НСДА се увери дека со наглиот скок на профитот направен од продажбата на безалкохолните пијалоци со аспартам, лесно ќе надокнади било каква одговорност. Корпоративната алчност победува и безизлените потрошувачи на аспартамската водичка плаќаат со нарушено здравје.
Познати ефекти од внесувањето на аспартам во организмот се: „Манија, бес, насилство, слепило, болки во коските, умор, зголемена тежина, болки во градите, кома, несоница, вкочанетост, депресија, ѕуење во ушите, слабост, грчеви, раздразнетост, мачнина, глувост, губење на меморијата, осип, вртоглавица, главоболка, конвулзија, анксиозност, дијареа, паника… Болестите кои аспартамот може да ги предизвика се: дијабетес, мултипла склероза, лупус, епилепсија, Паркинсонова болест, тумори, неплодност, фибромијалгија, Алцхајмерова болест…“.
Понатаму, во околу 80% од жалбите поднесени до ФДА за адитивите во храната се поврзани за аспартамот, кој сега го има во повеќе од 5.000 производи, се вклучени: диетални и недиетални газирани пијалоци и спортски напитоци, гуми за џвакање, замрзнати десерти, колачи, торти, витамини, фармацевтски производи, млечни напитоци, инстант чаеви, јогурт, кафе, храна за бебиња и уште многу! Читајте ги етикетите внимателно и не купувајте ништо што го содржи овој ужас!

1990-ти: Во 1994 година, ФДА криминално го одобрува монструозниот новитет на Монсанто, синтетички говедски хормон за раст (rBGH), произведен од генетски модифицирани бактерии на ешерихија коли.
Наредната година, компанијата почнува со производство на ѓаволски ГМО растителни култури кои се толерантни на нејзиниот токсичен хербицид Раундап. Пропагандата одлично ја заврши работата, бидејќи денес, преку 80% од репките на пазарот се ГМО видови!
Овие ГМО растенија се направени така што се „самоопрашуваат“, ним не им треба природата или пчелите. Монсанто знае дека птиците и посебно пчелите го блокираат неговиот монопол затоа што ги опрашуваат растенијата. Така, кога пчелите ќе се обидат да запрашат ГМ растение или цвет, се трујат и умираат.
2000-ти: Чудовиштето расте. Монсанто се спојува со Фармација и Апџон (Pharmacia & Upjohn), потоа одвојува од својот хемиски бизнис и тогаш се ребрендира како земјоделска компанија.  Монструмот истовремено започнува со поднесување патенти кои се однесуваат за оплодување на свињи, тврдејќи дека одгледувањето животни на било кој начин е слично на неговиот патент и му дава право на сопственост.
Кога понатамошни откритија отвориле поглед на вистинските намери на овој лош гигант, Монсанто изработи HR Continuing Resolution, наречен Закон за заштита на Монсанто, кој Обама повторно автоматски го потпиша. Овој закон вели дека без оглед на тоа колку се штетни ГМО растенијата на Монсанто и без оглед на тоа колку ја опустошиле земјата, американските федерални судови не можат да го спречат да ги сади каде и да му одговара. И да, Обама потпиша одредба која го издигнува Монсанто над сите и го прави помоќен од самата влада.
Но, доаѓа до пресврт и луѓето сѐ повеќе стануваат свесни за штетноста на овие отровни и потенцијално опасни производи.
Дури и луѓето од овие простори почнаа да протестираат и да покренуваат иницијативи против монструозноста на ГМО, одбирајќи сами да одгледуваат храна или да ја купуваат на локалните пазари, наместо во монсантовите прехранбени синџири. Полека, но сигурно, Монсанто ја губи својата моќ и наскоро доаѓа денот кога ќе се заврши владеењето на овој терор!

Извори: https://bestmeal.info/monsanto/company-history.shtml
https://www.sourcewatch.org/index.php/Monsanto
https://ww2.pfnh.org/article.php?id=651980-ти: Иако истражувањата ги докажале токсичните ефекти на аспартамот, тогашниот претседател Роналд Реган го поставува д

Пронајдете не на следниве мрежи: