Немате идеја што да му зготвите на вашиот партнер, деца или вашите пријатели?Ви претставуваме еден едноставен рецепт за пилешко кој ќе ги задоволи сите вкусови.
Потребни состојки за 4 лица:
• 450 гр. пилешки гради (без коски)
• 100 гр. брашно
• 2 лимони
• 2 лажици ладно цедено маслиново масло
• 100 мл. пилешки бујон
• 2 лажици путер
• 2 чешниња лук
• 1 чајна лажичка сол
• 1 чајна лажичка бибер
• свеж магдонос
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
2. Во еден сад ставете го брашното, солта, биберот и кора од еден лимон и промешајте. Во садот додадете ги пилешките гради и извалкајте ги од двете страни.
3. Исечете го едниот лимон на кришки.
4. Во поголема тава и на умерена температура загрејте го маслиновото масло. Додадете го пилешкото месо и пржете околу пет минути додека едната страна не добие златножолта боја.
5. Свртете ги пилешките гради од другата страна и во тавата додадете го пилешкиот бујон, путерот, лукот и парчињата лимон.
6. Ставете го пилешкото во рерна и печете од 10 до 15 минути, односно додека месото целосно не се испече.
7. Послужете ги пилешките гради со сосот од тавата и по желба додадете малку исечкан магдонос.
На здравје!
Совет плус: пред да ги користите лимоните, добро измијте ги со цел да ги отстраните нечистотиите и пестицидите од нив.Ви претставуваме еден едноставен рецепт за пилешко кој ќе ги задоволи сите вкусови.
Потребни состојки за 4 лица:
&bull