Црно-бела фотографија, на која е прикажан напуштен град, се смета за најстарата сочувана фотографија, на која е овековечен човек. Фотографијата е направена во Париз во 1838 година. Човекот на сликата, кој тешко се забележува на прв поглед, се чини ги чисти своите чевли. Се претпоставува дека другата личност е уличен чистач на чевли, иако е тешко да се одреди дали се гледаат две личности или само една.
Фотографијата веќе некое време се наоѓа на Интернет, поставена е на Википедија, а овие денови ја објави и порталот „Mashable“, во сорабтка со интернет страницата „Retronaut“, која се занимава со собирање на стари фотографии.
Автор на фотографијата е Луи Дагер, познат француски фотограф, пионир во снимање фотографии со посебна техника, користејќи сребрен слој (дагеротипија)
„Времето на експозиција изнесувало 7 до 10 минути. Улиците се празни, додека човечките (или човечката ) фигури стојат мирно, другите објекти, односно пешаците и кочиите, биле во движење, а поради брзината на движењето не останале забележани на фотографијата“, објаснува аманда Уред од порталот Ретронаут.
Дел од градот кој е на фотографијата, е „Boulevard du Temple“, своевиден урбан моден центар, полн со работлници, барови и театри.
Се претпоставува дека на фотографијата има и други лица, кои седат на клупите или стојат на прозорците од зградата. Фотографијата е направена во Париз во 1838 година. Човекот на сликата, кој тешко се забележува на прв поглед, се чини ги чисти сво


