Ова е најважниот БАКНЕЖ во вашиот живот но вие немате ПОИМ како настанал

Денес невозможно е да замислите венчавка на која матичарот или свештеното лице нема да изговори  „Можете да ја бакнете невестата“. Но, од каде тој обичај?За новопечените младенци, првиот бакнеж претставува круна на церемонијата на венчавање, а за сите останати тоа е момент кога свадбената веселба –со многу јадење и пиење, песна и игра- конечно може да започне. Но, дали сте се запрашале зошто баш бакнеж и тоа уште во уста?
Христијаните веруваат дека првиот бакнеж не е толку симбол на љубовта. Впрочем, повеќето парови некогаш се венчавале на „невидено“, од интерес на своите семејства.
Бакнежот повеќе претставува симбол дека бракот е „запечатен“ , дека со него се споени две души засекогаш, односно, дека е остварено она од Книгата на прстените „и дека тие двајца ќе бидат едно тело“.
Освен тоа, бакнежот во уста симболизира врска помеѓу чистото, чедното и духовното и она телесното. Зарем има подобар вовед во идните брачни должности?
Во некои земји обичај е сватовите да се чукнат  и наздрават со полни чаши, или дури да звонат со звончиња, за здравје на младенците, но не само поради тоа.

Се верува дека ѓаволот демнее по првиот бакнеж, со намера да им го загрози бракот, а единствено овој звук засекогаш ќе го избрка и на парот ќе му овозможи да започнат среќен заеднички живот.
Сепак, обичајот на бакнување датира од порано:
Според некои извори, уште  во стариот Рим постоела традиција токму со бакнеж да се завршува „договор“ помеѓу невестата и младоженецот, но и да се избркаат „лошите духови“, а постојат записи дека сето ова се правело и во древните цивилизации.

Колку тој бакнеж е поважен дури и од првата браќна ноќ, доказ е оваа приказна.
Според еден стар италијански закон, доколку некој  од младенците почине пред првиот бакнеж, бракот бил неважечки и семејствата на преживеаниот сопружник морале да ги вратат сите подароци.
Што се однесува до современите, граѓански бракови, бакнежот повеќе не претставува никаков официјален симбол, но дури и најтешките атеисти нема да ја пропуштат приликата да се бакнат штом „ќе застанат на лудиот камен“, бидејќи не постои порадосен начин да се прослави еден така голем животен чекор.За новопечените младенци, првиот бакнеж претставува круна на церемонијата на венчавање, а за сите останати тоа е момент кога свадбената веселба &nd

Пронајдете не на следниве мрежи: