Ова е највеселиот викенд за целото семејство: Уште денеска многу забава и попусти на Саемот за Деца и Родители

Ова е највеселиот викенд за целото семејство: Уште денеска многу забава и попусти на Саемот за Деца и РодителиОблачното време и попладневниот краток дожд не беа никаква причина многуте родители со своите деца вчера да се упатат кон Skopje City Mall и да бидат дел од 6-от Саем за Деца и Родители, кој вчера го имаше својот втор ден. Денот започна со голема гужва во продавниците кои имаат попусти до 50 отсто и детски џагор кој доаѓаше од полните ходници во молот, а продолжи во art art & craft работилниците, каде децата беа во улога на мали конструктори и имаа единствена шанса преку забава да научат и да креираат работ од градежништвото, сообраќајното моделарство, роботиката и природата. Музичката и танцовата сцена беше претесна да ги собере сите деца кои преку музика и танц го покажаа својот талент.

Вчера не изостанаа и семејните натпревари каде родителите играа игри заедно со своите деца, а изненадувањето беше запознавањето со Едукативната патека од Маврово, која преку интерактивен квиз и интересни прашања на веселите деца им подели награди од патеката и гратис ски-карти.
Војо со своите егзотични животни, како змии, игуани и мали рептили ја покажа хуманитарната страна на Саемот за Деца и Родители, каде е поставена кутија за донации, па со секое сликање на децата со животните се донираат 100 ден за Сашка – Александра Робев.

Денеска е последниот ден од саемот, па поради тоа искористите го слободното време и заедно со своите деца уживајте во последниот ден од викендот, кој што воедно е и последниот ден од саемот.

Сите посетители, освен огромната забава, наградните игри и изненадувањата и денеска можат да ги уживаат големите попусти за време на 6-от Саем за Деца и Родители и до 50 отсто во продавниците за детска облека, производи и играчки.Облачното време и попладневниот краток дожд не беа никаква причина многуте родители со своите деца вчера да се упатат кон Skopje City Mall и д

Пронајдете не на следниве мрежи: