Ова е научно ОТКРИТИЕ НА ДЕЦЕНИЈАТА!

Меѓународен тим научници, собрани на проектот ЛИГО (Laser Interferometar Gravitational-Wave Observatory), го потврдија постоењето на гравитациски бранови, кои пред 100 години ги предвиде Алберт Ајнштајн.„Дами и господа, детектиравме гравитациски бранови“ – изјави Дејвид Риц, кој е извршен директор на Лабораторијата ЛИГО на денешната конференција за новинари во Вашингтон, која по преку медиумите ја следеа физичари ширум светот.
Историскиот сигнал кој го детектираа научниците од проектот ЛИГО, резултат е на судар на две црни дупки оддалечени 1,3 милијарди светлосни години од нас, а секоја од нив има околу 30 пати поголема маса од Сонцето. При конечниот удар, овие две црни дупки имале брзина од околу 150.000 километри во секунда, што е половина брзина на светлината.
„Ова е за Нобелова награда, без сомнение“ – изјави за Би-Би-Си професор Карстен Данзман, водач на европскиот тим кој соработува во експерименот ЛИГО.
Гравитациските бранови се вибрации на димензиите простор-време кои се јавуваат со забрзување на сите облици на материја и енергија.
Ова е конечна потврда на Општата теорија на релативноста на Ајнштан.
Гравитациските бранови се патувачки деформации простор-време. Како што камен фрлен во вода предизвикува некоја деформација на површината на водата, таа деформација патува. Или кога ќе плеснеме со дланките, таа деформација патува по воздухот и ја слушаме со увото како звук. Исто така, движечките маси во вселената можат да предизвикаат бранови во гравитацијата, појаснува Симиќ.
Научниците со децении трагаат по гравитациски бранови, но успех постигнаа дури со проектот ЛИГО.
Околу милијарда долари вредниот експеримент ЛИГО, се обидува да детектира гравитациски бранови уште од 2002 година, а во него се вклучени 900 научници од целиот свет.
ЛИГО се состои од две постројки: една во Ханфорд (Вашингтон) а втората во Ливингстон во Луизијана, кои меѓу себе се оддалечени повеќе од 3000 километри.

Пронајдете не на следниве мрежи: