Ова е показател дека вашата врска ќе успее!

Спроведени се голем број на истражување чија цел е да ги утврдат показателите за успешна и долготрајна врска, но со последното истражување се откри нешто ново и необично.

Според истражувањето објавено во списанието Psychological Science, успехот на вашата љубовна врска може да се предвиди според зборовите кои ги користите вие и вашиот партнер. Студијата покажала како паровите кои користат ист вид на зборови како заменки, сврзници или предлози, имаат поголема веројатност да успеат.
Научниците на Универзитетот во Тексас претчувствувале како говорот влијае на успешност на врската, притоа не земајќи ги во предвид “валканите” зборови кои се изговараат во текот на сексот. Тие спроведоа две студии за говорните разлики помеѓу партнерите. Ги мереле суптилните нијанси во разговорот и пишувањето помеѓу две лица. Особено обрнувале внимание колку се користат зборовите како, јас, таа, тие, нас, додека, никогаш, многу, особено, затоа и слично, на што луѓето скоро никогаш не обрнувале внимание, а научниците велат дека тие многу кажуваат за личноста на поединецот.
Во првото истражување се испитувале брзи состаноци помеѓу 40 мажи и 40 жени. Изненадувачки, луѓето кои користеле слични зборови, обично биле и компатибилни и подобро се согласувале на состанокот.
Во друго истражување, се проучувале пораки помеѓу 86 парови и исто така се утврдувале јазичните форми. Првиот ден, паровите биле прашани за тоа колку се задоволни со нивната врска, а по три месеци биле проверувани како се развила врската, т.е. дали парот сè уште е заедно.
Оние кои користеле слични зборови имале два пати повеќе шанси за да останат заедно и по три месеци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.