Дали ја препознавате оваа фотографија? Насловена како „Jennifer in Paradise“ таа има специјално место во историјата на дигиталната фотографија, станува збор за првата „фотошопирана“ фотографија.Направена е од Џон Кнол во 1987 година додека тој и неговата девојка Џенифер се наоѓале на одмор во Бора Бора, пишува Guardian. И додека Џон подоцна во кариерата го развивал Photoshop, му биле потребни примероци за скенирање, а токму оваа фотографија станала првата бидејќи ги имала идеалните димензии.
Фотографијата од летување станала првата фотографија во боја на која се демонстрирани сите опции за софтверот кој подоцна ќе го добие името Photoshop.
„Тоа беше одлична фотографија за демо верзијата. Беше пријатна за гледање,а во технолошка смисла, со неа можеше да се направи сè што сте замислиле“, смета Џон.
Дознајте повеќе на gsm.mkНаправена е од Џон Кнол во 1987 година додека тој и неговата девојка Џенифер се наоѓале на одмор во Бора Бора, пишува Guardian. И додека Џон