Ова е суровата вистина за енергетските пијалоци!

Што енергетските пијалоци му прават на вашето телоЕнергетските пијалаци доаѓаат во привлечни бои и примамливи вкусови. Тоа особено многу ги привлекува младите. Но, дали енергијата што ја даваат навистина помага?
Кофеински и шеќерен шок
Енергетските пијалаци содржат висок процент на кофеин и шеќер, а тоа прави да се чувствуваме свежи и полни со енергија. Но, тој висок процент на кофеин и шеќер истовремено предизвикува забрзано работење на срцето и проблеми со спиењето.
Наспрема тоа што шеќерот првично дава енергија, потоа следува состојба на нагло опаѓање на енергијата или шеќерен колапс (т.н. sugar crash). Затоа енергетските пијалаци не се добри за спортски активности. А не се добри ниту поради кининот што го има во нивниот состав, затоа што лошо влијае на коските. Високиот процент на шеќер ја зголемува и телесната тежина, а ги оштетува и забите. Стоматолозите препорачуваат овој вид пијалаци да не се земаат често, а по земањето устата да се чисти темелно.
Проблеми со зависност
Кофеинот може да направи зависност без оглед на тоа дали се внесува преку чај, кафе или енергетски пијалаци. И кога нема да го внесете, најверојатно ќе чувствувате главоболка, мамурлак или замор неколку дена. Во случајот со енергетските пијалаци, состојбата е посериозна, затоа што слаткиот вкус ги привлекува особено младите. Не треба да се охрабрува појавата на земање енергетски пијалаци во комбинација со спорт или за да се надминат енергетските кризи во стресни состојби, особено не кај деца, а со големо внимание кога станува збор за тинејџери.

 

Извор на витамини и аминокиселини
На повеќето енергетски пијалаци стои напис дека содржат витамини и аминокиселини, популарни кај бодибилдерите. Во секој случај, многу певтино и помалку шетно е овие додатоци на исхраната да се примат на друг начин. А, најдобро е, секако, да се создаде навика за добро избалансирана исхрана и природни сокови. Нутриционистите често препорачуваат сок од грозје и портокал како добра алтернатива за надоместување на изгубените електролити по физичка активност.
Изберете природно
Енергетските пијалаци не можат да ја заменат водата и минералите што се губат по физичка активност и потење. Напротив, кофеинот може дополнително да го дехидрира организмот. Едноставно – пијте вода! И никогаш не комбинирајте енергетски пијалаци со алкохол. Може да биде опасно затоа што алкохолот е депресант, а енергетскиот пијалак е стимуланс и тој ќе ја ограничи способноста за контрола на количеството алкохол што се внесува. Комбинираниот ефект на алкохол и енергетски пијалак ќе предизвика почесто уринирање, а на тој начин и дополнително дехидрирање на организмот.
Извор: mojakozmetika.mkЕнергетските пијалаци доаѓаат во привлечни бои и примамливи вкусови. Тоа особено многу ги привлекува младите. Но, дали енергијата што ја даваат нав

Пронајдете не на следниве мрежи: