Еден документарен филм ги разбуди сомнежите дека американскиот научник Роберт Гало го создал HIV/AIDS вирусот во седумдесеттите години од минатиот век.Овој вирус всушност е креиран како биолошко оружје од страна на научниците заради депопулација на планетата, се наведува во документарниот филм.
Творецот на документарниот филм разговарал со д-р Роберт Гало, а тој одговарал на прашањата на тој начин, што готово е јасно дека тој го создал вирусот.
„Отсекогаш верував дека ХИВ-от, ракот и останатите хронични болести се неизлечиви. Најдобро би било да ја испитате историјата на Јужна Африка и епидемијата на ХИВ вирусот… политиката на расната дискриминација е заменета со епидемијата на ХИВ во црнечката заедница“, се наведува во едниот од коментарите за документарниот филм.
Секако, меѓу луѓето кои коментирале се нашле и оние кои не ја поддржуваат оваа теорија и кои тврдат дека филмот ги убедил во спротивното.
Во статијата на topinfopost.com, пишува:
„Во април, 1984 година, д-р Роберт Гало поднесе пријава за патент во САД за својот пронајдок – вирусот HIV/AIDS. Кога некој патент се одобрува, каков што беше случајот со патентот на д-р Гало, секој што го користи производот му должи пари на пронаоѓачот. Така, многумина сега се прашуваат зошто д-р Гало сѐ уште нема поднесено пријава поради неовластеното користење на неговиот пронајдок?“.
Научните докази се комплетни и убедливи. Вирусот на сидата е спореден производ, кој настанал за време на американската програма Special Virus. Оваа програма била федерална програма за развој на вируси, која траела од 1962 до 1978 година во САД. Настанатиот вирус потоа бил додаден во вакцините во Африка и Менхетен, а набрзо и целиот свет го зафати инфекцијата на хуманиот ретровирус кој се разликувал од сите тогашни болести бидејќи бил многу заразен и можел да убие.
Документите за програмата Special Virus, покажуваат дека САД бараа вирус кој негативно ќе влијае врз имунолошкиот систем. Светските научници неодамна потврдиле со 100% сигурност дека сидата е создадена во лабораторија, а еден од доказите е и истражувањето на д-р Гало од 1971 година, под називот „Реверсен транскрипт за честиците на вирусот со тип Ц од човечко потекло“.
Неговото истражување од 1971 година содржи идентични податоци како и неговата пријава од 1984 година.
Документите за оваа програма претставуваат непобитен доказ дека САД има направено таен план за депопулација на планетата.
Помеѓу 1964 и 1978 година, беа потрошени околу 550 милиони долари за оваа тајна федерална програма, со цел да се измисли смртоносниот вирус. Сега е потребна далеку поголема сума за да се уништи истиот.
Овој вирус всушност е креиран како биолошко оружје од страна на научниците заради депопулација на планетата, се наведува во документарниот филм.