Ова е вистината: ОВК киднапирала Срби и им вадела органи

Американските новината Мајкл Монтгомери и Стивен Смит, допатувале на Балканот да ја истражат состојбата со Косово. Нивното истражување укажува на поврзаност на ОВК и крим-групата која владее со црниот пазар. Па крајот на војната не значи и крај на злосторствата.Дојдовме на Косово веднаш по војната, фокусирајќи се на едно село во кое војската направи масакр. Но, ова што го најдовме на патот само еден месец по војната е дека на злосторствата не им дошол крајот. Кога НАТО ја протера српската војска, а етничките Албанци се вратија на Косови, воените злосторства продолжија, а нив ги правеа Албанците. Србите едноставно исчезнуваа-раскажуваат. 
Најголем впечаток над Американците оставило исчезнувањето на Србите. Според нивното искуством логично било дека причините за киднапирање се од материјална природа. Она што ги изненадило е дека за исчезнатите Срби никој никогаш не побарал паричен надоместок. Тие само изчезнувале. 
Меѓутоа како што истакнува Монтгомери, мистеријата почнува при самото сознание дека киднапираните се превезуваат во Албанија, под наредба да не им фали ништо. 
Таму ги дочекуваат доктори, а по лекарски преглед, тие што се одбрани одат на друга локација, каде ги убиваат и ги претвараат во стока за продажба. Нивните органи се продаваат за добри пари. 
-Сакавме да најдеме доказ дека вакви работи се случуваат, но не можевме туку така да ги копаме гробовите по Албанија, па отидовме во ОН, надевајќи се дека ќе добиеме информации-изјавиле новинарите. 
Но сите докази подоцна се уништени!

 
Приштинската телевизија објавила дека специјален истражен тим  на чело со Клинтон Вилијамс не нашол докази за трговија со органи на Косово во текот на војната во 1999 година. 
Тој, извештај како што тврди телевизијата требало да биде објавен за два месеци и во него да бидат отфрлени наводите на специјалниот известувач на Советот на Европа Дик Мартин. Приштинската телевизија јавила дека ќе бидат покрената 12 тужби за случаи на воено злосторство.
Но овој извештај бил пролонгиран за уште два месеци, јавила телевизијата. 
Според меѓународните извори Вилијамс по претставувањето на извештајот ќе го напушти местото на шеф на Специјалниот тим. Ќе го замени исто така американски обвинител кој ќе истражи 12 случаи на воени злосторста, за кои екипата пронашла докази. 
Но портпаролот на Вилијамс не сакал да дава никакви информации за овие случаи и изјавил дека резултатите ќе бидат објавени. 
 
Дојдовме на Косово веднаш по војната, фокусирајќи се на едно село во кое војската направи масакр. Но, ова што го најдовме на патот само еден месец

Пронајдете не на следниве мрежи: