Ова го има само во Америка: Со секој купен камионет добивате пушка!

Еден продажен салон за автомобили од Миртл Бич, во Америка, покрена интересна акција со која за секој купен камионет се добива пушка како подарок.Пред претставништвото на „Доџ“ во Миртл Бич, се појави голем знак на кој пишува:
„Купуваш камионет – добиваш пушка“, а од фирмата велат дека оваа акција пред сѐ е наменета за ловџиите.
Кој и да се одлучи да го купи новиот „Рам“ камионет, ќе добие и ваучер за нова сачмарка или „Мосберг 500“ пушка, која може да ја преземе во локалната продавница за оружје „707“.
Секоја пушка чини околу 600 долари, а продавачите велат дека акцијата е успешна и дека полицајците се најдобрите муштерии.

Во скоро сите реклами на „Рам“ се појавуваат ловџиите, а во моделот што се наоѓа во продажба има и посебна футрола за ставање на оружјето во камионетот.
Со оглед на тоа што е започната сезоната за лов, бројот на муштерии постојано се зголемува.

WMBFNews.com, Myrtle Beach/Florence SC, WeatherПред претставништвото на „Доџ“ во Миртл Бич, се појави голем знак на кој пишува:
„Купуваш камионет – добиваш пушка&

Пронајдете не на следниве мрежи: