Ова ќе биде вашиот омилен појадок, заедно со чаша јогурт!Состојки:
200 мл јогурт
2 јајца
200 мл млеко
5-6 поголеми компири
1 главица кромид
бибер
сол
брашно по потреба
Подготовка:
Вклучете ја рерната на 250С да се грее додека го припремате јадењето.
Компирот излупете го, измијте го и исечете на сосема ситни коцкички.
Додадете го изренданиот кромид, јајцата, јогуртот и млекото, зачинете по желба па добро измесете.
Додадете брашно за да се поврзат сите состојки (смесата треба да излезе малку погуста од онаа за палачинки).
Плехот во кој ќе печете премачкајте го со маст или путер, истурете ја смесата и печете во добро загреана рерна околу 20-30 минути.
По желба можете да додадете и свежо сирење.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети, животни искуства и сл., може да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на ФЕЈСБУК.Состојки:
200 мл јогурт
2 јајца
200 мл млеко
5-6 поголеми компири
1 главица кромид