Ова лето, смеата е гарантирана со Галавант и со Грдата Бети

Pickbox и ова лето има неколку прекрасни комедии со кои можеш да поминеш квалитетно време, добро да се насмееш и да се вратиш по уште нови епизоди. Освен класиците како „Лажги со опашки“, „Кафуле На здравје“ и „Сите го сакаат Рејмонд“, Pickbox ја носи комедијата која е, всушност, пародија и серија што секој гледач ќе го научи на неколку корисни лекции за убавината што доаѓа однатре. Секако, се работи за супер лудиот мјузикл „Галавант“  и за целосната серија „Грдата Бети“.Средновековен мјузикл и добра сатира
Ако сакаш добра комедија, талентирана екипа комичари и пејачи, ако си бил луд по телевизиски комедии како „Монти Пајтон“ и „Мажи во хулахопки“ на Мел Брукс, серијата „Галавант“ би можела да стане твојата следна омилена серија.
Галавант е урнебесен лик кој одвреме-навреме си потпевнува, а неговата вистинска мисија во суштина е возвишена. Тој е витез кој останал без љубената девојка затоа што неа ја украл злобниот крал Ричард од чии раце Галавант мора повторно да ја грабне. Секако, ништо не е едноставно затоа што Галавант мора да помине низ разни авантури за да дојде до својата љубена, а таа во меѓувреме станала разгалена богаташка.
 
Copyright: ©2014 ABC Studios
Песните во серијата се заводливи и откачени, полни со паметни досетки, а серијата „Галавант“ е пародија со покритие. Од 15.7., првата сезона на овој урнебесен мјузикл гледајте ја на Pickbox, а покрај стандардната екипа поминете неколку епизоди и со гостинските актери Рики Џервејс, Џон Стамос, „Чудниот“ Ал Јанкович и Кајли Миног.

Драма + комедија + паметна сапуница
„Грдата Бети“, која е двапати наградена со „Златен глобус“, уште сега се смета за култна серија што ја гледале речиси сите, а тие што не ја гледале сега имаат шанса на Pickbox.
Бети Суарез одлучила на каков било начин да ја најде својата внатрешна убавина (за која вели дека е најважна), а со оглед на тоа што има карактер на бубаџика, нејзиниот пат до пронаоѓањето ќе оди малку потешко. Зашто, како може една девојка, која навидум не е убава, да ги увери луѓето дека го има тоа нешто, и тоа во ригорозниот свет на модата?
Бети почнала да работи во модното списание „А ла Вог“ и тоа само затоа што е доволно грда за да не посака сопственикот Даниел да спие со неа. Искуство и професионални квалитети нема, но е подготвена да учи.
 
Copyright: © Touchstone Television
Америка Ферера во улогата на Грдата Бети е вистински неизбрусен скапоцен камен, а Селма Хаек одлично ја завршила работата како извршна продуцентка, па оваа луда комедија е вистинска гаранција за смеа.
Средновековен мјузикл и добра сатира
Ако сакаш добра комедија, талентирана екипа комичари и пејачи, ако си бил луд по телевизиски комедии к

Пронајдете не на следниве мрежи: