Ова ли е животот: Јасен од престижна институција станува партиска испостава на СДСМ, еве кои се членовите на УО

Новата влада на денешната седница ги разрешила членовите на Управниот одбор на шумскиот резерват Јасен. Од престижна институција, Јасен станува партиска испостава на СДСМ, објави порталот Денешен.мк.За нови членови на Управниот одбор на Јасен се именувани Марјан Даскаловски, Зоран Наков, Ирена Станкоска, Ристо Спасовски и Илми Селмани. Со кусо „гуглање“ се доаѓа до заклучок дека новите членови на УО на Јасен изгласани вечерва од Владата на Заев не се експерти, туку партиски војници кои немаат допирни точки за областа за која се именувани.  Меѓу нив има учесници на Шарената платеничка револуција, лица со завршена воена академија.
Зоран Наков од Свети Николе завршил воена академија и нема никаква врска со животната средина и со природни резеврати. Излегувал на партиски прес-конференции на СДСМ во Свети Николе на кои обвинувал за постоење на режим. Наков е претседател на ОО СДСМ Свети Николе.

Марјан Даскаловски е од струмичкото село Пиперово, претседател на општинската организација на СДСМ во Струмица. Завршил Правен факултет и бил поранешен пратеник, сега е нов член на УО на Јасен.
Ирена Станкоска е учесник во Шарената платеничка револуција и член на Централниот одбор на СДСМ. Ристо Спасовски од Центар е исто новиот член на УО на Јасен, кој пак давал изјави и фингирал своевремено дека Жерновски е најдобар кандидат за градоначалник, пишува Денешен.
За нови членови на Управниот одбор на Јасен се именувани Марјан Даскаловски, Зоран Наков, Ирена Станкоска, Ристо Спасовски и Илми Селмани. Со кусо

Пронајдете не на следниве мрежи: