ОВА МОЖЕ ДА ВИ НАШТЕТИ: 5 работи кои ВЕДНАШ морате да ги тргнете од Фејсбук

Многумина од нас на социјалните мрежи објавуваат премногу лични информации. Mожат ли тие информации да бидат штетни? Одговорот е „даЕкспертот за сигурност Andy O'Donnell нa about.com, истакна неколку совети за тоа што не е добро да откривате на Фејсбук.
1. Датум на раѓање
Знаејќи го овој и уште 3-4 лични податоци лесно може да ви се украде идентитетот. Доколку баш не сте опседнати со тоа луѓето да ви го честитаат роденденот, изоставете го датумот на раѓање, за барем малку да им го отежнете крадењето на идентитетот на злите луѓе.
2. Домашна адреса
Со објавување на овој податок преземате преголем ризик. Во случај покрај таа информација да објавите и каде сте на годишен одмор, крадците воопшто нема да се помачат за да влезат во вашиот дом. Не потпирајте се на опцијата „само пријатели“.
3. Вашиот број на телефон
И тој би можел да ја покаже вашата локација.

 

4. Љубовен статус
Некои луѓе преку таквиот податок пребаруваат на „Facebook Graph Search“.
5. Информации поврзани со работата
Доколку објавите каде работите, па за некое време споделите на кои проекти работите или некоја друга информација поврзана со работата, конкуренцијата може да ве надитри и проектот да го заврши и пред вас.
Meѓу останатото се што ќе објавите како статус додека на профилот ви стои името на компанијата за која работите, е одраз на таа компанија, а на вашиот шеф можеби и нема да му се допаѓа што сте објавиле. На пример ако објавите фотографија на која носите блуза со логото на компанијата за која работите, а вие сте тотално пијани…. Хаос!
Освен тоа, во секој случај не би било лошо да ги проверите опциите за приватност на Фејсбук, за да проверите дали Фејсбук ги менувал правилата, па со тоа и вашата приватност на таа мрежа. Експертот за сигурност Andy O'Donnell нa about.com, истакна неколку совети за тоа што не е добро да откривате на Фејсбук.
1. Датум

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.