Ова растение ќе ви помогне да ги отстраните лузните!

Растенијата и природните средства за лекување и негување на кожата често се успешна алтернатива на скапите креми и лекови.Традиционалните суплементи и производи за надворешна употреба се добиваат од растителниот свет. Богати се со антиоксиданти, за кои се знае дека ги ублажуваат или целосно ги елиминираат ефектите врз кожата од изложеноста на разни штетни влијанија (брчки, лузни, флеки и друго).
Црн (источен) орев
Црниот орев (анг. black walnut, научно име Juglans nigra, в. слика горе) е медицинско растение со својства за потхранување на кожата. Тврдата лушпа од овој орев се користи за комерцијални производи за убавина, а кората од дрвото и надворешната мека лушпа на плодот се користат во медицината. За кожата имаат антивоспалителни, антибактериски и антиоксидантни вредности. Комбинацијата од овие својства го подобруваат општото здравје на кожата, ги олеснуваат иритациите и ги измазнуваат лузните и брчките.  Медицинските производи се користат за лекување на егземи, чиреви, псоријаза и други упорни заболувања на кожата.
Камилица
Камилицата е древно растение. Сознанијата за него датираат уште од стариот Египет, како и неговите лековити својства. Подоцна продолжува да се користи во народната медицина, а во Средниот век и како додаток на разни лосиони и ликери. Денес камилицата е широко позната како чај за смирување, поради нејзините седативни вредности.

 

Камилицата поседува антивоспалителни својства кои добро дејствуваат на кожата. Цветот се користи за разни препарати, како течни екстракти, капсули и таблети. Според Националниот центар за комплементарна и алтернативна медицина (National Center for Complеmentary and Alternative Medicine – NCCAM), камилицата може да се употребува за кожа како корисен крем или мелем, но нејзините ефекти на брчките и лузните не се докажани.
Лаванда
Лавандата е популарно растение што се користи во ароматерапијата и е признаена по своите мирисни квалитети. Суви листови и маслото од лаванда се составен дел на многу комерцијални производи за капење, чистење и негување на кожата. Ова мирисен цвет има моќни медицински својства, лекува габни инфекции, рани, изгореници и хронични кожни проблеми како акни и егземи. Според Националниот центар за комплементарна и алтернативна медицина, маслото од лаванда може да биде многу корисно за кожата измешано со други масла и постојат рецепти кои дејствуваат ефикасно на измазнување на брчките и намалување на флеките.
mojakozmetika.mkТрадиционалните суплементи и производи за надворешна употреба се добиваат од растителниот свет. Богати се со антиоксид

Пронајдете не на следниве мрежи: