И покрај денешната технологија, овие мистерии и понатаму останале нерешени, а експертите и науката немаат одговор на многу прашања.Историјата на човештвото е преполна со нерешени мистерии од кои некои се повеќе од застрашувачки и од кои ќе ви замрзне крвта во вените. И покрај денешната технологија, овие мистерии и понатаму останале нерешени, а експертите и науката немаат одговор на многу прашања.
Ви претставуваме 15 мистерии кои до ден денес останаа нерешени…
Војникевиот ракопис
Вилфред Војниќ кој имал полско-американско потекло, а работел како библиотекар, ја пронашол мистериозната книга во 1912 година. По него оваа мистериозна книга го добила и името „Војникевиот ракопис“.
Таа е насликана со растенија и знаци од зодијакот, напишана е со непознато писмо. Некои страници недостасуваат, а сегашната верзија се состои од околу 240 листови пергамент, од кои повеќето се илустрирани.
Долго се веруваше дека таа настанала помеѓу 1450 и 1520 година. Меѓутоа, примероците од пергаментот на кој документот е напишан се од почетокот на 2011 год. испитани во лабараторијата на Универзитетот во Аризона со помош на радиоактивен изотоп на јаглерод.
Утврдено е дека сите страници настанале во релативно краток врменски период и дека потекнуваат од почетокот на првата половина на ХV век, што е скоро цел век порано отколку што се верувало. Писателот, буквите и јазикот, се уште се непознати.
Зелени деца
Во близина на селото Волпит, на англиски округот Сафолк, работниците кои работеле во областа слушнале силен детски глас и плачење.
Кога се приближиле, изненадени од необичен сцената – пред нив се појавиле момче и девојче чија боја на кожата била зелена, а тие биле облечени во чудна облека со чудни бои, изработена од непознати материјали.
Децата не го познавале јазикот, а одбивале и да јадат се друго освен грашок. Момчето починало нешто помалку од една година, додека девојчето со текот на времето научило англиски јазик,а во исхраната користила и други намирници, па нејзината кожа ја изгубилазелената боја.
Кои биле “Зелените деца од Вулпит”, остана мистерија, иако имало неколку обиди да се објасни нивното потекло.
Шкотскиот астроном Данкан Лунан, тврди дека децата биле вонземјани кои по грешка биле транспортирана на Земјата, наместо на некоја друга планета.
Ронгоронго
Ронгоронго (Рапа Нуи јазик) се знаци откриени во 19 век. Многу се обиделе да го дешифрираат ова писмо, но не успеале.
Постојат бројни предмети на кои постои натпис на овој јазик. Некои од нив се оштетени. На крајот на 19 век се собрани и продадени во музеите.
Знаците на ронгоронго текстовите се со човечки, животински и геометриски облици.
Смртта на руските планинари
Овој фебруари се одбележа 55 годишнината од никогаш неразјаснетата несреќа во каја настрадаа 9 руски скијачи и планинари во Урал.
Сите членови на експедицијата се пронајдено мртви и косата на сите жртви била бела: фрапантно ако се знае дека најстариот член на екипата имал 37 години, а сите останати имале по 20-тина години.
Советските влади донесоа заклучок дека „сила на природата која не може да се совлада“ била причина за несреќата. Пристапот на тоа подрачје бил забранет цели 3 години.
Фестски диск
Фестски диск е артефакт пронајден на Крит и минојскаат цивилизација, односно во средната или доцна бронзена доба. Неговата цел и место на производство не се познати.
Сепак некои научници се сомневаат во неговата автентичност.
Атлантида
Изгубениот град Атлантида прв пат го опишал Платон пред 2.400 години, кој тврдел дека тој остров е дом на напредната цивилизација. Легендата кажува дека е потопен поради земјотрес, додека подоцните интерпретации кажуваат дека тоа е подводно кралство кое ги чува сирените.
Местото каде се наоѓа и понатаму е мистерија. Некои неодамнешни докази покажуваат дека се наоѓа негде во околината на Кипар.
Бегство од Алкатраз
Американската полиција се уште не знае дали пред повеќе од 50 години тројцата осуденици се удавиле или се ослободиле при спектакуларното бегство од прочуениот затвор.
Френк Морис и Кларенс и Џон Енглин стигнале во затворот на островот во заливот сан Франциско поради грабеж на банка, а од него излегле така што со лажици направиле дупка во ќелијата и се провлекле низ цефките од вентилацијата.
Случувањата се опишани во 1979 година во филмот „Бегство од Алкатраз“, во кој ликот на Френк Морис е толкуван од страна на Клинт Иствуд.
Во видео клипот погледнете ги останатите мистерии кои на научниците им создаваат главоболки
Историјата на човештвото е преполна со нерешени мистерии од кои некои се повеќе од застрашувачки и од кои ќе ви замрзне крвта во вените. И по