Ова се 30-те НАЈСМЕШНИ американски закони: Законите за возачите ќе ве насмеат до солзи

Сите овие закони беа донесени од страна на општините, не од Конгресот на САД. Најголем број од нив се изгласани кон крајот на 19. и почетокот на 20. век, кога американското општество се трансформирало во индустриско. Многу од нив сѐ уште важат, но едноставно не се применуваат.1. Во Охајо им е дозволено на полицајците да каснат куче, но само ако проценат дека тоа ќе го смири животното.
2. Во Вилбур (Вашингтон), забрането е јавање на грди коњи.
3. Кокошките не смеат да преминуваат пат во Квитман, Џорџија.
4. Доколку ве фатат како крадете сапун, морате да се бањате со него сѐ додека не се истроши – Мохаве (Аризона).
5. Првите братучеди смеат да се венчаат во Јута, каде што мормоните се моќни, но дури кога ќе наполнат 65 години.
6. Во Северна Дакота никој не смее да се уапси на 4 јули.
7. На децата во Тенеси им е забрането да си играат во недела, освен ако не им е издадена посебна дозвола од власта.
8. Во истата држава им е забрането на атеистите да бидат функционери.
9. Во Индијана им се забранува на мажите сексуално да се возбудат во јавност.
10. Калифорнија забранува лижење на жаби. Изгледа некои луѓе лижеле жаби за да се дрогираат, но на многумина им станало лошо.
11. Мичиген забранува врзување на крокодили за уличните хидранти.
12. Стар закон во Колорадо наложува секој да има лекарски рецепт пред да се избања.
13. Колорадо исто така им забранува на мажите да се оженат со бабата на нивните жени.
14. Законот во Канзас вели: „Кога возови ќе се сретнат на раскрсница, тие мораат да запрат и ниеден не може да тргне додека не помине некој друг воз.“
15. Калифорнија им забранува на жените да возат автомобил во ноќници.

16. Законот во Минеаполис предвидува остра казна за оние кои при паркирање зафаќаат две места за паркинг. Тие што ќе го направат тоа, се врзуваат со синџир и се предвидува да им се дава леб и вода.
17. Косата на жената му припаѓа на мажот (Мичиген).
18. Морисвил (Пенсилванија), им забранува на жените да користат шминка без дозвола.
19. На мажите им е забрането да си ги бакнат жените додека спијат. Ова важи во округот Логан, во Колорадо.
20. Во Чалис, Ајдахо одењето по улица со жена на друг човек е илегално и се казнува.
21. Флертувањето во Литл Рок (Арканзас), може да ве однесе во затвор.
22. Труро во Мисисипи, наложува дека мажот кој што сака да се ожени, мора да докаже дека е достоен за тоа така што ќе лови и ќе убие 6 коса или 3 чавки.
23. Пуебло во Колорадо забранува одгледување на глуварчиња.
24. Мемфис, Тенеси: „Жените не смает да возат автомобил, освен ако пред нив не се движи маж со црвено знаме, кој со мавтање ќе ги предупредува другите возачи и пешаци.“
25. На децата помлади од 12 години им се забранува да зборуваат на телефон, освен ако не се наоѓаат во друштво на нивните родители – Блу Ерт, Минесота.
26. Законот во Калиспел, Монтана, наложува дека децата мора да имаат лекарска дозвола ако сакаат да купат лижавче.
27. Еурека, во Невада, им забранува на мажите со бркови да бакнуваат жени.
28. Вако, во Тексас, забранува фрлање на кори од банана на улица, бидејќи од нив може да се лизне некој коњ.
29. Киселите краставички некогаш биле забранети во Лос Анџелес, бидејќи нивниот мирис може да ги навреди луѓето.
30. Купувањето сладолед во недела беше забрането во Охајо, бидејќи се сметало дека овој производ е премногу несериозен и луксузен за Божјиот ден.1. Во Охајо им е дозволено на полицајците да каснат куче, но само ако проценат дека тоа ќе го смири животното.
2. Во Вилбур (Вашингтон), за

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.