Ова се 5-те мистерии за кои НАУЧНИЦИТЕ СЕУШТЕ НЕМААТ ОДГОВОР!

Кој не сака добра мистерија, посебно сите оние мистерии кои и денес ги збунуваат научниците? За таа прилика, „Business Insider“ објави листа од 5 мистерии, за кои науката сеуште нема одговор.
1. Зошто луѓето зеваат? Веднаш штом ќе видите некој како зева сосем е сигурно дека и вие ќе го направите истото. Дали некогаш сте се запрашале зошто воопшто служи зевањето? Постојат неколку теории, но ниедна се` уште не е поткрепена од научните истражувања. Според една теза, зевањето го помага ладењето на мозокот со зголемување на протокот на крвта во вилицата, вратот и синусите. Сепак, значително помалку зеваме кога надвор е потопло и кога тој тип на ладење ни е најпотребно. Значи, не служи за таа потреба кога најмногу треба. Постои уште едно вечно прашање поврзано со зевањето – зошто е „заразно“? Една студија предизвика восхит со своето објаснување дека тоа е начин на кој покажуваме емпатија, но друга студија ја поби оваа теорија докажувајќи дека тоа нема никаква врска со емпатија.
2. Дали постојат духови?  Темата за која никогаш нема да постои консензус. Колку луѓе веруваат во духови, толку мислат дека тие не постојат. Иако современите научници не се занимаваат премногу со оваа тема, постојат некои студии кои „постоењето на духови“ го објаснуваат со инфразвук, звукот на ниска фреквенција кој луѓето не го слушаат, а може да доведе до вибрирање на нашите внатрешни органи поради што чувствуваме непријатност, а може да влијае и на видот поради што луѓето мислат дека виделе духови. Сепак, теоријата никогаш не била научно докажана.

3. Дежа Ву  Колку пати ви се има причинето дека проживувате нешто што веќе ви се има случено? Постојат неколку објаснувања, но сепак, ниедно не е научно докажано. Според некои научици, до дежа ву доаѓа кога личноста ќе посети некое место кое е многу слично на она на кое веќе била, но од некоја причина не го препознава. Сепак, тоа не објаснува зошто истото ни се случува и кога со некого разговараме, па ни се чини дека тој идентичен разговор веќе сме го воделе некогаш. 4. Бигфут Многу често се појавува некој кој се колне дека го снимил или барем го видел Бигфут. Скептиците ќе речат дека се работи за измама и дека сите снимки и фотографии од Бигфут се монтирани бидејќи не постојат никакви вистински докази за постоењето на тој ѕвер, но како што велат експертите „непостоењето на докази не е доказ за непостоење“.
5. Пласибо ефект
Кога се тестира нов лек, експертите формираат контролна група со која ќе ги споредуваат ефектите на лековите. На членовите на контролната група им се кажува дека го добиваат лекот, но всушност тие голтаат апчиња без никакви активни состојки. Повремено членовите на таа група ги чувствуваат ефектите на лековите, или барем така тврдат.
Во некои случаи, ефектите што се појавуваат кај контролната група навистина одговараат на оние на вистинските лекови, додека понекогаш ефектот е сосема субјективен: пациентот тврди дека се чувствува подобро, но вистинско подобрување нема. Можните одговори на тоа се многубројни – може да дојде до вистинско физичко дејство, пациентот очекува да му биде подобро од лекот, па затоа мисли дека тоа е навистина така, поради позитивно чувство од разговорите со лекарот, несвесна желба за добри резултати во истражувањето, или пак природен напредок на симптомите.За таа прилика, „Business

Пронајдете не на следниве мрежи: