Ова се 6-те најстрашни теории на заговор на Интернет!

Сите знаеме за теориите на заговор. Меѓутоа, луѓето кои ја шират таа идеја обично не можат и да ги докажат, но тоа е помалку важно, кога во целата приказна ќе се вклучи и Интернетот.Џорџ В. Буш бил нацист, чија цел била уништување на САД
Судејќи по Интернет фолклорот, Џорџ Буш постариот бил нацистичка марионета, со мисија да ги уништи САД. Џорџ Шерф, како што беше тогаш познат, бил наводно посвоен од страна на Прескот Буш, додека бил тинејџер пред Втората светска војна. Сето останато е историја.
Иран го убил Мајкл Џексон
Смртта на Мајкл Џексон – трагичен инцидент или нешто многу позлобно? Поединци шпекулираа дека кралот на попот всушност бил убиен од владата на Иран, како би го тргнала вниманието од протестите против претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Доказ: „Мајкл Џексон РИП“ го заменил „#iranselection#, како топ тренд на Твитер, веднаш по смртта на Џексон во 2009 година. Ако сакате добар заговор, ова е единствениот доказ, кој ви е потребен.
САД се на работа од Втора граѓанска војна и властите знаат се за тоа
Наводно, Националната безбедност купила 450 милиони куршуми, ширум земјата биле поставени тајни концентрациони кампови, а на полињата во Џорџија имало голем број на пластични мртовечки ковчези.

Втората светска војна била „местенка“
Втората светска војна ја наместиле илуминатите и медиумите, како би не заплашиле до точка на потполна послушност. Или така барем мисли Дејвид Ричардс, кои тврди дека „официјалната приказна за Втората светска војна се руши како кула од карти“ доколку подетално истражиме.
Живееме во временска коцка
Принципот позади оваа временска коцка е изненадувачки прост: секој ден всушност е сочинет од 4 денови, кои се случуваат во исто време. Објаснувањето на Џин Реј од 8000 зборови, сокриено од нас, не е толко просто. Реј, поранешен електричар, кој се опишува себеси како „најмудриот човек“ на планетата, така да едноставно мораме да му веруваме на зборовите.
Земјата е шуплива
Се што знаеме по географија е погрешно: Земјата е всушност шуплива и претставува дом на скриената цивилизација. Судејќи по теориите на заговор, сите вонземјани се посетители од овие градови во центарот на нашата планета. Меѓутоа, постои и малку помодифицирана верзија на оваа теорија, која тврди дека Нацистите го населиле центарот на Земјата, по Втората светска војна. Џорџ В. Буш бил нацист, чија цел била уништување на САД
Судејќи по Интернет фолклорот, Џорџ Буш постариот бил нацистичка м

Пронајдете не на следниве мрежи: