Ова се 7 здравствени предности од мастурбирањето!

Мастурбацијата има многу здравствени предности и прави да се чувствувате подобро.Мастурбацијата е нормална и во неа треба да се ужива. Тоа е здраво искуство и не би требало да биде табу тема.
ВЕ ПРАВИ СРЕЌНИ
„Знаеме дека задоволството ги прави луѓето среќни“, вели докторката Лорен Стреичер, професор по гинекологија на Универзитетот Нортвестерн.
Оргазмот ослободува ендорфин, кој може да го подобри расположението и да креира природно возвишување.
СТАНУВАТЕ ПОЗАДОВОЛНИ СО СВОЕТО ТЕЛО
Вашето тело би требало да е вашиот најдобар пријател – тоа е единствената работа која со вас ќе биде целиот живот. Дел од ова пријателство се содржи и во истражување на телото
„Многу е важно жените да ја ценат својата анатомија и да знаат како да се самозадоволат“, вели Стреичер.
МОЖЕ ДА ВИ ГО ПОДОБРИ СЕКСУАЛНИОТ ЖИВОТ
Ова ви допушта да го запознаете телото и да откриете што ви се допаѓа. Познавањето на сопственото тело ве прави подобри во кревет и поврзани со партнерот. Еднаш кога ќе сфатите што сакате, можете да го упатите партнерот во тоа.

 
ВИ ПОМАГА ДА ЗАСПИЕТЕ
Постои причина зошто на луѓето им се спие после оргазам. Оргазмот физички и емотивно опушта. „Генерално, луѓето спијат подобро после мастурбација, исто така се чувствуваат опуштено и задоволно“, објаснува докторката.
ВЕ ОСЛОБОДУВА ОД СТРЕСОТ
„Било што, што ве прави опуштени и ви го разубавува денот, без разлика дали тоа е јога или масажа, е добро. Самозадоволувањето е само уште еден начин за ослободување од стресот“, вели докторката.
ПОВЕЌЕ ОРГАЗМИ
Ако разбирате како функционира вашето тело, ќе знаете точно како да го задоволите. Еднаш, два пати или повеќе – се зависи од вас. Оргазмот е крај на сексот за мажите, но за жените тоа не важи.
НЕ ПОСТОЈАТ НЕГАТИВНИ НУС-ПОЈАВИ
„Ништо лошо не може да се случи, не може да добиете сексуално пренослива болест, не може да забремените, нема да ви биде лошо“, објаснува Стреичер.Мастурбацијата е нормална и во неа треба да се ужива. Тоа е здраво искуство и не би требало да биде табу тема.
ВЕ ПРАВИ СРЕЌНИ

Пронајдете не на следниве мрежи: