Ова се десетте најбесмислени закони во ЕУ!

Некои закони на ЕУ пропишуваат кое овошје или зеленчук да ги купувате, или како треба да го надгледувате вашето дете додека држи балони…но, верувајте, има почудни закони отколку што можете да си замислите.Прочитајте го следниот текст и дознајте што се наоѓа на листата на најлудите прописи во ЕУ.
Банани
Според прописите, сите банани што се увезуваат во ЕУ мора да бидат најмалку 14 центиметри долги, а 2,7 центиметри широки. Овошјето не смее да биде оштетено, ниту скроз зрело. Димензиите во некои случаи се битни, но на никого не му е јасно зошто важат овие правила за бананите.
Продажба на храна
Европската Унија во 2010 година даде предлог пропис, според кој цената на храната ќе биде поврзана со нејзината тежина, а не количество. Тоа значи дека кога ќе отидеме на пазар, не треба да бараме, на пример, 10 јајца туку еден килограм.
Краставица
До пред три години беше забранета продажбата на краставици што не се закривени.
Мед
Имено, ЕУ одреди дека електричната спроводливост на медот не смее да биде поголема од 0,8 микросименси по центиметар. Овој закон можеби и има малку смисол, бидејќи преку микросименсите се одредува класификацијата на медот.
Балони
Децата на возраст под 8 години не смеат да држат балони што се наполнети со хелиум, без надзор на возрасна личност.

 
Приклучок за струја
Ако отидете во Велика Британија, Ирска, Малта или Кипар, нема да можете да го вклучите својот фен во струја, доколку не си понесете и приклучок за струја!
Сијалица
Имено, законот за сијалици е воведен за да се заштеди енергијата, но и природата. Некои од дозволените сијалици сепак содржат отровна жила која бара посебно внимание при фрлањето во отпад.
Канта за хартија
Постојат држави во кои стриктно е одредено во која канта оди отпадот. Па така, во Германија е постои пропис дека кантата за хартија ќе биде со сина боја. Во некои држави е зелена, во други жолта, а некаде отпадоците и не се одвојуваат.
Семафори
Во Стокхолм, Берлин, Рим, Загреб, Лондон, Париз или Варшава, знакот на семафорот за пешаците се разликува. Во Германија можете да налетате на многу различни семафори.
Возење со воз
Да го земеме на пример, возењето од Талин до Лисабон. Ништо комплицирано нели? Епа, не е така. Ќе тргнете на пат со воз по шини што се оддалечени една од друга точно 52,4 центиметри. Кога ќе стигнете до Европа ќе морате да преминете во друг воз, бидејќи тука просторот помеѓу шините е 143,5 центиметри. Во Шпанија сте повторно приморани да преседнете, бидејќи железничките прописи се такви што шините мора да бидат на оддалеченост од 167,2 центиметри една од друга и на крајот во Португалија повторно ќе морате да го менувате возот, бидејќи оддалеченоста помеѓу шините е дури за 7 милиметри помала. Вистински рај за љубителите на возењето со воз, нели?
Прочитајте го следниот текст и дознајте што се наоѓа на листата на најлудите прописи во ЕУ.
Банани
Според прописит

Пронајдете не на следниве мрежи: