Над 5.000 слободни работни места во моментов се нудат на пазарот на труд во Македонија. Евиденцијата на Агенцијата за вработување покажува дека слободни се 5.132 работни места во земјава и има во скоро сите населени места.Најмногу слободни работни места има во Скопје 2.567, во Кавадарци 420, во Битола 317, во Штип 306 работни места, Стумица 217, Кочани 191 работно место, Куманово 190, Охрид 132, Прилеп 109, Велес 97, Делчево 79, Тетово 77, Струга и Гевгелија по 56 слободни работни места, во виница 53, во крива паланка 43, по 39 има во Гостивар и Радовиш, 29 во Берово, 26 во неготино, 24 во Кичево, по 15 во Пробиштип и Ресен, 14 во Валандово, по четири во Дебар и Крушево, по две во Кратово и Демир Хисар и по едно работно место во Македонски Брод и Свети Николе.
Слободни работни места има најмногу во секторот трговија на големо и трговија на мало, преработувачката индустрија, градежништвото, угостителство, финансиски и осигурителен сектор. Продавачи, подготвувачи на тутун за обработка, келнери, шивачи, магационери, комерцијалисти, возачи на такси, лица за обезбедување се најбараните професии според слободните работни места.
Според податоците на Агенцијата за вработување, на крајот на минатата година имало 100.147 активни баратели на работа.Најмногу слободни работни места има во Скопје 2.567, во Кавадарци 420, во Битола 317, во Штип 306 работни места, Стумица 217, Кочани 191 работно ме