Ова се најголемите НЕВИСТИНИ кои сте ги слушнале за ЉУБОВТА!

Мислите дека само еднаш се сака вистински и дека мажите секогаш се подготвени за секс? Или пак дека дека мажите повеќе изневеруваат од жените и дека сите жени паѓаат на букет цвеќе и романтична вечера?
Епа тотално погрешиле…
Доктор Џонатан Перкинс, сексолог ги истакнува 8-те најчести митови за љубовта. Тие ќе ви помогнат да не живеете повеќе во заблуда.
1. Мажите секогаш сакаат секс
Нашето општество мажите ги смета за машини кои секогаш сакаат секс, никогаш не им е доволен и само на тоа мислат. Сепак, овој мит го занемарува фактот дека мажите понекогаш имаат главоболка или едноставно не секогаш  се спремни за акција во креветот.
Да се каже “не” секогаш  припаѓало на жените, но ако тоа го каже тој, ризикува дека ќе ја збуни и повреди партнерката. Затоа не треба да се верува во оваа невистина. И мажите имаат право да бидат уморни и нерасположени.
2. Мојата љубов ќе го промени
Можно е дека вашиот партнер ќе се промени, но овие промени не ќе траат подолго од две недели, бидејќи тој наскоро ќе продолжи како и дотогаш.Уште ако го условите со изјавата, “ако ме сакаш, ти ќе  …”, ќе се најдете во ситуација каде што нема да можете да победите.
Ќе биде најдобро да го прифатите каков што всушност е, а ако пак премногу ве нервираат неговите недостатоци, разделете се.
Потребна ви е стабилна, зрела и формирана личност, која може да ви  се посвети, а не е размазено дете, кои ќе го учите за животните вредности.
3. Мажите сакаат големи гради
Не се сите мажи оптоварени со големи гради. Напротив, повеќето од нив на првиот состанок и не ги забележавуваат. Британските студии покажале дека 25% од мажите сакаат големи гради, а другите 75 %, најпрво го гледаат лицето и рацете. Мажите напротив, ја ценат интелигенцијата и  добрата смисла за хумор.

 

4. Неверството може да ја зачува врската
Луѓето кои изневериле, често се тешат  дека тоа го направиле за да го подобрат квалитетот на односот со  партнерот. Сепак, неверството ретко може да ја зајакне или спаси врската.
Дури и да се прости изневерувањето, останува оној горчлив вкус од неверството и вечната недоверба. Стравот дека партнерот ќе го направи тоа повторно, ќе ви биде секојдневна  мисла. Кога довербата еднаш е прегазена, нема враќање.
5. Мажите повеќе изневеруваат од жените
Ова можеби некогаш  било така. Меѓутоа, во последно време, ни жените не заостануваат во тој спорт. Тие во неверството се впуштаат, речиси од исти причини како мажите – сакаат да пробаат нешто ново и возбудливо…
Сепак, жените често пати на тоа  додаваат  уште една причина – ако партнерот доволно не ги почитува, ќе пронајдат љубов во прегратката на некој друг маж.
6. Децата го зајакнуваат бракот
Двојките кои многу работат, послабо се гледаат, ќе имаат уште помалку време кога децата ќе навлезат во нивниот живот. Енергијата која мора да ја дадете на децата може да биде толку многу  исцрпувачка, за на крај да не ви остане сила за физичка и психичка комуникација со брачниот другар.
Ако сакате да го спасите бракот, ќе треба да се посветите подеднакво на партнерот и децата. Тоа ќе биде корисно за сите. Партнерот ќе знае дека се уште го сакате, а децата ќе живеат во хармонично и стабилно семејство.
7. Само еднаш се сака
Крајно време е да престанете да го бркате принцот на бел коњ и да си мислите дека доколку не го најдете, засекогаш ќе останете сами.  Разберете, вие во текот на животот постојано се менувате.
Ако некој сега ви е сродна душа, не значи дека тоа ќе биде така и за пет години. Грешите ако мислите дека  природно e да се љуби само еднаш во текот на животот.
Вистинската љубов ќе ја запознаете кога за тоа ќе дојде време. Важно е само да бидете трпеливи и  да верувате во љубовта.
8. Жените не можат без предигра
Од шеесеттите години на минатиот век и сексуалната револуција, мажите постојано се изложени на критики, затоа што не се трудат околу партнерката и дека често ја занемаруваат предиграта. Сепак, тоа не значи дека секогаш е неопходна.
Кога постои спонтан однос, сосема е прифатливо партнерите веднаш  да се фрлат во акција. Покрај тоа, некои жени не ја сакаат долгата предигра и тоа може да ги изнервира.
 Или пак дека дека мажите повеќе изневеруваат од жените и дека сите жени паѓаат на букет цвеќе и романтична вечера?
Епа тотално погрешиле…

Пронајдете не на следниве мрежи: