Ова се НАЈЛОШИТЕ ЉУБОВНИ КОМБИНАЦИИ кои вашиот знак може да ги има: Лавовите не ги поднесуваат Рибите, а Бикот си вади очи со Девицата

Успехот на некои врски бара многу труд и вложување во истите, како и малку среќа. За таа мала доза среќа, често се одговорни и ѕвездите.Успехот на некои врски бара многу труд и вложување во истите, како и малку среќа. За таа мала доза среќа, често се одговорни и ѕвездите.
Веројатно барем еднаш сте се нашле во ситуација кога со сите сили се трудите да ја одржите врската со партнерот и постои хемија од двете страни, но едноставно не ви оди од рака?
Можеби тоа е така бидејќи вашите хороскопски знаци не се компатибилни. Тоа не значи дека врската нема да ви успее, туку дека ќе мора да направите повеќе компромиси.
Еве на кои знаци во љубовна комбинација нема да им „цутат рози“:
На Овенот не му одговараат Близнаци, Риби и Девица
Овните се секогаш отворени за љубов и за нови искуства, а поради брзоплетоста влетуваат во љубовни врски пред добро да го запознаат партнерот. Не сакаат луѓе кои глумат и постојано се жалат на нешто, како и оние кои не можат да ги освојат. За нив најлоша е љубовната врска со Риби, кои ги доживуваат како премногу сентиментални. Со Близнаците односот се сведува на постојана кавга, додека Девиците се премногу комплицирани за нив.
На Бикот не му одговараат Овен, Стрелец и Близнаци
Венера која еглваната планета во овој знак, ги прави одличен „материјал“ за врски, но тоа важи само кога станува збор за вистинскиот партнер, додека во меѓувреме може да имаат многу незначајни афери. Одбивни им се озборувачите и оние кои премногу се мешаат во туѓите животи. Најлоша љубовна комбинација за Бикот е онаа со Стрелецот, кој за него се однесува премногу слободно. Близнаците за Бикот се премногу немирни, додека со Овните постојано ќе се препираат.

На Близнаците не им одговараат Овен, Рак и Риби
Близнаците лесно заљубуваат, но со еднаква брзина знаат и да се одљубат ако партнерот ги разочара. Не сакаат луѓе со кои немаат заеднички теми, кои се предвидливи и здодевни. Најлошо за Близнакот е да се спои со Бик, кој нема доволно да го цени. Лош комбинација е и со Ракот, кој е премногу стабилен и предвидлив, како и со Рибите чија емотивност може да го гуши.
На Ракот не му одговараат Овен, Близнаци и Стрелец
За припадниците на овој знак љубовта е најубавиот зачин на животот. Тие бараат партнер кој е способен да се труди околу нив. Не сакаат егоистични партнери. Ракот најлошо се сложува со Стрелци во љубовта, бидејќи во врската ќе се појави несигурност, љубомора и кавги. Близнаците за Ракот се премногу нестабилни, додека Овните се премногу ориентирани на себе.
На Лавот не му одговараат Близнаци, Јарец и Риби
Лавовите потешко чувствуваат сигурност во љубовните врски, а особено во врска со тоа дали му се на партнерот на прво место. Ги одбиваат луѓе кои постојано се грижат и на тој начин пренесуваат лоша енергија, како и луѓе кои се склони кон манипулации. Најлоши љубовни врски градат со Близнаците, кои за нив се премногу изгубени во мислите, како и со Рибите кои ненамерно ќе ги повредат. Лавот сака да има доминантна улога во односот, што нема да му одговара на Јарецот.

На Девицата не ѝ одговараат Овен, Вага и Водолија
Девиците рано ги учат своите љубовни лекции, па со голема сигурност го бираат потенцијалниот партнер. Најлоша љубовна комбинација е онаа со Овенот кој според нивното мислење се поставува шефовски, како и со Вагата, која не може да ја разбере критичноста на Девицата. Тешки љубовни ситуации имаат и со Водолиите, со кои односот им е во постојани расправии.
На Вагата не ѝ одговараат Девица, Скорпија и Рак
На Вагите, љубовта им е додаток во животот од кој ги црпат мирот и сигурноста. Невозвратената љубов или нефункционален однос може да ги ооттурне од партнерот, а најмногу ги одбиваат партнери кои лажат и оние во кои не можат да имаат доверба. Вагите не можат да имаат квалитетна љубовна врска со Девица, која за нив е премногу комплицирана, како и со Скорпија чија природа е песимистична. Не им оди ни со Ракови, бидејќи тие имаат премногу традиционални убедувања според нив.
На Скорпијата не ѝ одговараат Овен, Стрелец и Близнаци
Скорпиите имаат вистинска страст кон животот, која ја пренесуваат и во љубовните односи, а тежнеат кон врски кои ќе им пружат вистинско исполнување. Не сакаат агресивни луѓе кои сакаат да се истакнуваат. Скорпиите се најлоши во комбинација со Овните. Тие нема да се сложуваат ниту со Близнаците, кои ја будат нивната љубомора, како ни со Стрелците со кои нема да се чувствуваат сигурно.
На Стрелецот не му одговараат Бик, Рак и Девица
Стрелците ги одбиваат луѓе кои се склони кон меланхолија и не знаат што да прават со себе, како и оние кои дозволуваат други да им ја кројат судбината. Тие се најлоши во врска со Бик, кој за нив е премногу посесивен, како и со Рак кому му недостасува спонтаност, додека Девица постојано ќе го критикува и ќе го тера да се менува.

На Јарецот не му одговараат Овен, Близнаци и Стрелец
Јарците ги одбиваат партнери кои немаат самоконтрола или оние кои имаат послаб карактер од нивниот. Не им одговараат љубовните комбинации со Овен, за кого мислат дека е премногу нестрплив и лековерен. Според нив, Близнаците немаат идеали кон кои целат, додека Стрелците се нивна целосна спротивност.
На Водолијата не ѝ одговараат Бик, Рак и Девица
Тие немаат проблем да се заљубат, па дури и во љубовната врска функционираат како да како не ја изгубиле својата слобода или можноста за избор. Ги одбиваат луѓе кои немаат морал и кои се предвидливи. За Водолијата лоша љубовна комбинација е онаа со Бикот, бидејќи не може да му ја пружи стабилноста која му е потребна. Ништо подобро нема да биде ни со Рак, кој му е по малку досаден, како и со Девицата која од него бара воведување ред во животот.
На Рибите не им одговараат Овен, Лав и Близнаци
Рибите секогаш се во потрага по идеален партнер со кого ќе имаат љубов од соништата, а ги одбиваат партнерите кои се однесуваат неразумно и несфатливо, но и кои имаат површни погледи на животот. За нив најлоша е комбинацијата со Овни, кои за нив се агресивни, како и со Близнаците кои немаат доволно разбирање за другите. Нема добро да се сложуваат ниту со Лавовите, кои може да манипулираат со нив.Успехот на некои врски бара многу труд и вложување во истите, како и малку среќа. За таа мала доза среќа, често се одговорни и ѕвездите.
Ве

Пронајдете не на следниве мрежи: