Се збогувавме со 2014 година, а новата 2015 година ни носи нови филмски остварувања кои ќе донесат нови возбуди во кино салите. Затоа, во прилог ви ги донесуваме најочекуваните филмови за 2015 година!Новото продолжение на „Војна на ѕвездите“ е прв на листата на најочекувани филмови во 2015 година, наведува агенцијата Фанданго.
„Војна на ѕвездите“ пристигнува во годината кога се очекуваат и нови продолжетоци на филмовите „Одмаздник“ и „Игри на гладот“.
Се очекува овие филмови да ја надминат рекордната заработувачка од 11 милијарди долари во 2013 година. Минатата година филмовите на домашните благајни заработиле 9,4 милијарди долари.
Новиот „Војна на ѕвездите“ во кино салите пристигнува на 18 декември следната година, во режија на Џеј Џеј Абрамс.
Ѕвездата на „Игри на гладот“, Џенифер Лоренс втора година по ред е најбарана глумица, а овој филм ќе се прикаже премиерно во кино салите на 20 ноември.
Најбаран глумец меѓу публиката е Роберт Дауни Јуниор кој се враќа на големото платно како Тони Старк/Ајрон мен во продолжението на „Одмаздник“.
Меѓу останатите долго очекувани филмови во 2015 година се „Педесет нијанси сиво“.
Агенцијата Фанданго, која се занимава со истражување на кино-пазарот, го прогласи Џејми Доман за најголема „нова“ ѕвезда, а Дизниевата актерка Дејзи Ридли за најголема нова женска ѕвезда.
Кога станува збор за фамилијарните филмови, најочекувани се „Минионс“, „Грозниот јас“, потоа „Пепелашка“, „Инсиде Оут“, „Пеанутс“ и „Пан“.Новото продолжение на „Војна на ѕвездите“ е прв на листата на најочекувани филмови во 2015 година, наведува агенцијата Фанданго.