Ова се петте можни потези кои Путин би ги повлекол во борбата против Западот

Во наредните неколку години Русија може да преземе уште некој чекор за проширување на своите граници. Агенцијата за советнички услуги „Викистар“ процени што би се случувало во регионот.Рускиот претседател Владимир Путин, минатата недела потпиша закон со кој полуостровот Крим стана дел од Русија. Озваничувањето на Крим како руски се случи после руската инвазија на полуостровот, под изговор дека инвазијата се случува за да се спасат Русите кои живеат таму.
Сценарио 1
2015 година, Русите на санкциите ќе одговорат со офанзивна сајбер кампања.

Економските и политичките санкции кои ЕУ и НАТО ги спроведоа против Русија се очекува во иднина да бидат уште по изразени. Со цел да се неутрализираат овие потези на Западот, Русија ќе започне со бројни сајбер напади, кои ќе бидат изведувани од волонтери и патриотски хакери. Нападите се очекува да бидат врз новинарски и финансиски институции. Овој потег би предизвикал финансиски загуби и попречување на комуникациите на Западот.
 
Сценарио 2
2016 година, Русија ќе го поддржи превратот против Лукашанко во пресрет на предизборната побуна во Белорусија.

Во ноември 2015 година претседателот Александар Лукашенко ќе победи уште еднаш на наместени избори. Охрабрени од украинските демонстранти во Киев младите демократи ќе го окупираат Плоштадот на независноста во Минск. Сигурносните сили насилно ќе се обидат да неутрализираат демонстрациите, но тоа ќе биде безуспешно и на крај, покретот против Лукашенко ќе стане легитимен.
Со цел да не се повтори грешката која беше направено со Јануковиќ во Украина, Путин ќе се сложи со резултатите од меѓународниот надзор на изборите, односно ќе го прифати фактот дека изборите биле лажирани. Но, во 2016 година Путин ќе развие своја мрежа од агенти и воени советници. Превратот ќе се актуелизира и Лукашенко ќе бде уапсен, а руските сили ќе помогнат во неутрализирање на немирите и потоа привремен претседател ќе ја преземе должноста.
Иако ЕУ и САД ќе се имаат согласено дека изборите се лажирани сепак ќе ја осудат Русија дека спрема Белорусија се однесува како кон провинција, а не како суверен народ.
Кина ќе биде разочарана, бидејќи кинезите активно соработуваат со Лукашенко, па така нивните аспирации за успех во источна Европа ќе завршат тука. Русија се надева дека новиот белоруски предводник ќе ја смени економијата и Белорусија ќе стане корисен партнер со Русија. Меѓутоа, овој проблем и понатаму ќе остане нерешлив.

Сценарио 3
2017 година, со користење на воени платеници во Сомалија, до остварување на интересот.

За руските цивили кои се киндапирани во Сомалија, наместо да плати откуп Русија сепак бира да повика воени соработници од новите приватни воени компании, со што би се започнала мисијата за спасување и помош на морнарицата.
Целите се четиринаменски:
1. Истакнување на способноста на приватните воени компании и во глобалниот пазар на платеници.
2 Одвраќање на другите за грабење на Русија.
3. Драма за домашните националисти
4. Потсетување дека Русија и Африка се потенцијални сојузници.
Заробениците се ослободени без откуп, но цената за тоа ја плаќаат многубројни жртви.
 
Сценарио 4
2018 година, Русија ќе испрати свои трупи во источен Казахстан.

Смртта на казахстанскиот претседател Назарбаев во 2018 година ќе продолжи и понатаму да ја исцрпува земјата поради нерешливите проблеми. Кина има долга традиција на вршење притисок врз Казахстан. Додека воените маневри траат Казахстан истакнува дека Русија е помалото зло од двете зла. Така премолчено се согласува со руската окупација на нивниот источен град Оскемен во кој мнозинството на жители е од руска националност.
Овие настани се јасен сигнал за Кина дека Русија ја гарантира безбедноста на Казахстан. Воената заштита која ја пружи Русија има тенденции да се прошири по целата земја. Кина ја разбира целата прикаска но не можи да стори ништо, САД е тивок, Киргистан, Узбекистан, Таџикистан и Туркменистан се нервозни но мораат да бидат тивки. Европа е неспремна.
 
Сценарио 5
2020 година, ја запира изградбата на гасовод од Туркменистан до Азербејџан.

До 2020 година трансјадранскиот гасовод за транспорт на природен гас кон Европа од Азербејџан е завршен. Спротивно на ова, гасоводот од Туркемнистан и Казахстан се уште не е готов. Во потрага по алтернативи, Туркменистан одлучува да изгради транскаспијски гасовод до Азербејџан, со што ќе му се отвори патот до Европа.
Москва жестоко се противи на транскаспискиот гасовод бидејќи тој претставува сериозен конкурент за пласманот на рускиот гас. Тврдејќи дека постои опасност за уништување на животната средина и дека Туркменистан се обидува да оформи морска граница, Москва влегува со својата Касписка флота со цел да се запрат бродовите и инженерите за изградба на гасоводот.
САД и ЕУ остро ја осудуваат тактиката на Русија, но поради логистиката и далечината не се во можност да интервенираат. Тоа што на Кина и е важна транскасписката врска, не е доволна причина за Кинезите да влезат во дуел со Рускиот претседател Владимир Путин, минатата недела потпиша закон со кој полуостровот Крим стана дел од Русија. Озваничувањето на Крим како руски с

Пронајдете не на следниве мрежи: