Оваа ДОМАШНА НУТЕЛА е поефтина и поздрава од купечката!

Кој не знае за Нутела, кој не ги видел рекламите каде мајката мачка кафеав крем на кришка лепче за семејниот појадок?Овој идеален намаз обичните палачинки ги прави вистински десерт, а на обичното лепче му дава интересен вкус. Многу е вкусна, но купечката Нутела има еден минус – цената.
Овој намаз можете и сами да го подготвите дома. На интернет посојат многу рецепти и варијации за подготовка на домашна Нутела. Ви предлагаме уште еден интересен рецепт со кој саканиот намаз ќе го подготвите брзо, евтино и еднставно. Проценете сами…
Па, за подготовка ви е потребно:
200 – 250 гр. бадеми или кикирики
200 гр. црно чоколадо
2 супени лажички сончогледово масло
малку сол
1-2 лажички шеќер
Подготовка:

Ако купите сурови бадеми или кикирики, ќе треба малку да ги потпечете во рерна, десетина минути на 180 степени.
Изладените кикирики или бадеме иситнете ги во блендер, а чоколадото изрендајте го на крупно ренде.
Во блендерот со сомелени кикирики или бадеми, додадете го чоколадото, маслото, малку шеќер, прстофат сол.
Исто така додаваме вода (сварена изладена во фрижидер). Можете да користите и млеко. Во зависност од посакуваната конзистенцтност  можете да варирате со количината на течноста. Уклучете го блендерот и нека работи се додека не добиете релативно хомогена смеса, со средна густина.
После тоа, готовиот намаз претурете го во стаклена тегла. Ставете ја во фрижидер за да се олади и малку згусне.
Вашиот вкусен и здрав намаз е готов. Пријатно!Овој идеален намаз обичните палачинки ги прави вистински десерт, а на обичното лепче му дава интересен вкус. Многу е вкусна, но купечката Нутела им

Пронајдете не на следниве мрежи: