Дани Бет, на фотографијата ја дои својата мала ќеркичка во болнички кревет по тешка сообраќајна несреќа.Младата мајка сакала да ја нахрани ќерка си која плачела од глад и покрај ужасната болка која ја чувствувала.
Оваа мајка стана инспирација за многумина откако се појави фотографијата. Дани тргнала на пат оддалечен 5 часа од нивната куќа. Таа сакала да го посети својот татко, за тој да ја запознае својата двемесечна внука Инди Оливија Џејн. На 10 минути пред крајот, таа загубила контрола над возилото и удрила во ограда, а застанала на врв од бетонска цевка.
„Луѓето застануваа и прашуваа дали се сите добро, а јас врескав да го извадат моето бебе“ – изјавила Дани за Kidspot.
Еден минувач ја извадил малата Инди од автомобилот. Кратко потоа пристигнала и Брзата помош.
„Фала му на Бога за седиштето во автомобилот. Додека бев бремена, гледав цени и ми беа скапи, но сега ми е драго што дадов толку. Мислам дека седиштето ја спаси од посериозни повреди“ – вели Дани.
Целото тело ѝ се тресело, а кога ја пренеле во собата за итни случаи почувствувала ужасна болка. Лекарите не ѝ дале никакви лекови бидејќи доела.
Наместо тоа, ја смириле и ѝ ставиле гипс на вратот како мерка на претпазливост. Додека Дани ги чекала резултатите од снимката од вратот, Инди почнала да плаче.
„Помислив, сигурно е гладна. Ги прашав дали може да ме ослободат за да ја нахранам, но тие одбија и ми рекоа дека морам да мирувам“ – вели мајката.
Медицинската сестра која ја држела Инди, им рекла на сите пристуни да ја напуштат собата, ја соблекла маицата на мајката и ѝ помогнала да го нахрани девојчето.
„Веднаш се смиривме, И Инди и јас. моето срце почна да чука нормално. Штом ја ставив на градите се почувстував ослободено, иако имав ужасна болка“ – завршила храбрата мајка.
Истата медицинска сестра ја направила фотографијата која ја покажува љубовта и волјата на оваа млада мајка да го смири своето гладно дете.Младата мајка сакала да ја нахрани ќерка си која плачела од глад и покрај ужасната болка која ја чувствувала.
Оваа мајка стана инспирација