Оваа година двојно повеќе средства за поддршка на иновациите

Годинава за Фондот за иновации и технолошки развој се предвидени два милиони и 650 илјади евра, кои ќе бидат распределени во два огласи. Првиот ќе биде објавен во мај или јуни, а вториот во септември.Ова денеска го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по работниот состанок на тема „Разгледување на мерките и инструментите од програмата за рурален развој“ што се одржа во Порта „Македонија“. 
Груевски потсети дека минатата година за Фондот за иновации и технолошки развој беа предвидени 1 милион и 400 илјади евра, кои се искористија со два огласи кои беа објавени.
– Оваа година имаме предвидено речиси дуплирање на средствата за поддршка на иновации во однос на минатата година. Ако минатата година беа еден милион и 400 илјади евра оваа година се два милиони и 650 илјади евра. Што е безмалку дупло од минатата година и тоа е сериозен предизвик за компаниите и индивидуалците кои имаат иновативни идеи и кои сакаат да почнат бизнис со сопствена иновација, нагласи Груевски.
Ако во минатото тие немаа некоја поддршка од државата, како што рече, од лани имаат целосна и сериозна поддршка, институционална поддршка од државата со формирање на Фондот за иновации и со двапати годишно објавување конкурси за прибирање идеи и давање понуди од страна на компаниите, кои  нудат иновација.Ова денеска го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по работниот состанок на тема „Разгледување н

Пронајдете не на следниве мрежи: