Оваа година по 5 пат ќе се додели државната награда “8-ми септември”

Оваа година по 5 пат ќе се  додели државната награда “8-ми септември”, награда која благодарение на иницијативата на Агенцијата за млади и спорт беше воведена во државата, а со која дефинитвно се заокружува системот за валоризација на спортските успеси во Република Македонија.Агенцијата за млади и спорт посветено работеше и заедно со јавноста успеавме да издејствуваме спортистите и спортските работници да добијат вакво високо државно признание, со што се валоризира вредноста на спортот како дел од секојдневното живеење, но и се оддава признание на спортистите, тренерите  и спортските работници кои придонеле за унапредување и развој на спортот како и за афирмација и промоција на Република Македонија во европски и светски рамки, а се доделува на денот на Независноста на Република Македонија.
Со државната награда “8-ми септември” дефинитвно се заокружува системот за валоризација на спортските успеси во Република Македонија.
-Со  државната награда “8-ми септември“ се обезбеди и вреднување на луѓето во сенка, кои не се помалку значајни за постигнување на врвни спортски резултати. Тоа се  спортските работници, тренерите, селекторите и медицинскиот персонал на кои им се оддава признание, при што и материјално се поддржуваат со право на користење доживотен паричен надоместок добитниците за животно дело.
Државната награда за животно дело претставува спортска пензија која ќе му се исплаќа на носителот до крајот на животот, додека останатите четири државни признанија претставуваат еднократна исплата во износ на десет просечни плати во Република Македонија, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
Претседателот на одборот за доделување на државните награди ”8 септември” Ѓорѓе Војновиќ истакна дека со оглед на пристигнатите апликации одборот  имаше сериозна задача да ги одберат најдобрите во две категории: државна награда за животно дело и четири државни награди -признанија.
Професорот Зоран Радиќ истакна дека се прават напори за валоризирање на успесите во спортските екипни спортови во кои остварувањето на врвни резултати на континенталните натпревари е многу потешко за разлика од екипните спортови.
 
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи во кристалната сала при Собрание на Република Македонија на 8-ми септември со почеток во 12.00 часот.Агенцијата за млади и спорт посветено работеше и заедно со јавноста успеавме да издејствуваме спортистите и спортските работници да добијат вакво

Пронајдете не на следниве мрежи: