Оваа куќа чини САМО 3 ДЕНАРИ, но има една мала ситница…

Куќа во Норвешка со приватна плажа која се наоѓа на мирна височина, сега е на продажба по цена од само 3 денари. Меѓутоа, постои само еден услов за потенцијалниот купувач, а тоа е дека тој мора се фокусира и да вложи напори во реновирањето на имотот, за да ја обнови неговата стара слава.На островот Буоја, во близина на арктичкиот агол, се наоѓа куќа која е ненаселена од 1970 година, кога последниот станар живеел во неа. Иако куќата е целосно уништена, погледот е неверојатен, а околината изгледа фантастично.
„Се надевав дека ќе успеам да ја поправам, но тоа никогаш не се случи. Вистинска штета е толку убав имот да се распадне и никој да нема никаква корист од него“, изјавил Кент Карлсен, во чии раце се наоѓа оваа куќа.
Тој додал дека не сака да му ја продаде куќата на некого кој би ја занемарил, туку дека понудил ниска цена за да се увери дека новиот сопственик ќе го врати стариот сјај со реновирање и одржување. Секако дека се неопходни желба и страст за да се доведе ова место во ред.
Сопственикот објаснил дека ќе ја донесе одлуката за идеалниот купувач кога добро ќе ги разгледа сите понуди и кога новиот сопственик ќе го убеди дека тој е вистинскиот.
На островот Буоја, во близина на арктичкиот агол, се наоѓа куќа која е ненаселена од 1970 година, кога последниот станар живеел во неа. Иако куќата

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.