Оваа мајка голта мечеви во деветтиот месец од бременоста!

Вероника Хернандез (27) од Тексас, голта мечеви. Иако се наоѓа во деветтиот месец од бременоста, таа и понатаму ја изведува оваа точка.Таа вели дека оваа активност не претставува никаква опасност за бебето и дека само малку го сменила начинот на кој стои додека го голта мечот, за нејзините органи да бидат „поредени“ според правилен распоред.
„Го сакам адреналинот и во таа точка постои фактор на опасност. Тоа ми се допаѓа. Исто така, верувам дека телото може да направи чуда“, објаснува Вероника.
Таа ја учела својата точка две ипол години од искусен тренер. Користи тап меч, но тој сеедно може да биде опасен. Мечот поминува директно низ нејзиното грло, покрај срцето, помеѓу белодробните крила, сѐ до желудникот.

Додека била бремена со првото дете, таа не се занимавала со оваа активност, но во меѓувреме нејзината колешка ѝ покажала како се прави тоа во бременоста.
Нејзиниот партнер Кајл Нејл ја поддржува. Вероника треба да настапи на 28 февруари, на светскиот Ден на голтачите на мечеви. Но, ова сѐ уште не е сигурно, со оглед дека таа очекува да се породи во секој момент.
Според податоците на Меѓународното здружение на голтачи на мечеви, досега од оваа активност починале 29 луѓе. На некои луѓе потребни им се три до десет години да научат како правилно да ја изведуваат оваа точка. На 250 милиони луѓе се јавува по еден голтач на мечеви. Од нив, 15% се жени.
Таа вели дека оваа активност не претставува никаква опасност за бебето и дека само малку го сменила начинот на кој стои додека го голта мечот, за н

Пронајдете не на следниве мрежи: