Оваа оперска дива ги ЗБУДАЛЕ создавачите на најпознатото чоколадо во светот!

Милка Трнина беше голема ѕвезда на музичката сцена во Европа и Северна Америка кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Толку била популарна, што постои легенда дека светски познатото чоколадо „Милка“ според неа го доби името.Милка Трнина е родена во околината на Иваниќ-Град, кој се наоѓа во близина на хрватската престолнина Загреб, на 19 декември 1863 година. Најголемата хрватска оперска пејачка беше еден од најзначаните сопрани во историјата на операта.
Таа се прославила со изведбите на делата на Вагнер, Бетовен и Моцарт. Џакомо Пучини во една прилика рекол дека ниту една Тоска не може да се спореди со онаа на Милка.
Таа учела во Загреб и Виена, а за прв пат настапила во 1882 година. Потоа, таа настапувала во Лајпциг, Грац, Бремен и Минхен, каде што станала баварска дворска пејачка. Милка настапувала и во познатиот Бајројт – домот на Вагнер. Некои последни истражувања покажуваат дека таа била Еврејка, па поради тоа повеќе не ја повикувале да настапува. Она што е познато е дека антисемитизмот помеѓу наследниците на Вагнер бил силен.
Но, таа гостувала и по другите делови на Европа и САД, а некое време предавала пеење во Њујорк. Во 1896 година, таа ја изведе „Тристан и Изолда“ пред руското царско семејство кое било толку восхитено од изведбата, што царот Николај Втори ја наградил со дијамантен брош со рубини, кој и до ден денес се чува во Музејот за уметност во Загреб.

Таа ја изведе Тоска во „Ковент Гарден“. Но, во 1906 година се повлече од пеењето. Поради нејзината изразена самокритичност, Милка средила сите снимки од нејзиниот глас да бидат уништени.
Таа починала во 1941 година, можеби и од тага поради сите нешта што се случувале околу неа.
Една од поинтересните анегдоти за нејзиниот живот им е позната само на познавачите на историјата на уметноста – настанувањето на чоколадото „Милка“.
Иако обично се тврди дека името на овој производ доаѓа од комбинацијата на германските зборови milch (млеко) и kakao (какао), легендата вели дека Карл Рус-Сушар – зетот на Филип Сушар кој ја основал компанијата во 1901 година и почнала да го прозиведува познатото чоколадо, бил до тој степен воодушевен од изгледот на Милка Трнин, што го наговорил Филип да го нарече чоколадото според оваа оперска дива.
Што мислите, дали овој интересен факт би можел да биде вистинит?Милка Трнина е родена во околината на Иваниќ-Град, кој се наоѓа во близина на хрватската престолнина Загреб, на 19 декември 1863 година. Најголемат

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.