Овде одите скоро секој ден, а има повеќе бактерии од ТОАЛЕТНАТА ДАСКА!

Верувале или не, на ова место има дури 362 пати повеќе бактерии отколку на тоалетната даска. Станува збор за справите во теретана!Пред да одлучите да станете член на некој фитнес-центар, разгледајте ги просториите и гардеробите, за да се уверите дека станува збор за чисто место кое редовно се одржува.
Освен што треба да се чисти редовно, теретаната треба да има и добра вентилација, затоа што така се намалуваат можностите за зараза. Шкафчињата за гардероба и туш-кабините исто така се значаен дел од чиста теретана.
После напорен тренинг, тушот е неизбежен, но никако не влегувајте во заедничките туш кабини боси. Ова е идеално место за развој на бактерии. Носете си апостолки или истуширајте се дома.
Немојте да го делите сапунот или дезодорансот во стик, дури и ако сте заборавиле да понесете.
Ако на телото имате ситни ранички, пред тренинг прекријте ги со фластер за да спречите контакт со предметите наоколу.
Пред да почнете да работите на справа, рачките исчистете ги со течност за дезинфекција или марамчиња. Непишано правило е истото да го направите и откако ќе завршите со вежбање.
При пресоблекување во гардеробата избегнете контакт на голо тело со клупите. Ако морате да седнете, ставете пешкир под вас.
При вежбање, немојте да се бришете со ракавите. Понесете си чист пешкир. Ако после тренинг немате време да се истуширате, задолжително измијте ги рацете и лицето.

Пронајдете не на следниве мрежи: