Овие 12 работи физиотерапевтот ги дознава за вас по САМО 1 ЧАС терапија!

Физиотерапевтот може многу лесно да препознае дали страдате од запек или можеби од некои алергии.При посетата на физиотерапевт, очекувате дека ќе ви се олеснат болките и дека ќе добиете помош да заздравите по некоја повреда.
Но, за време на тој еден час се откриваат повеќе работи отколку што самите сте свесни и многу повеќе од самиот факт дека сте напнати и под стрес.
По разговорот со неколку терапевти и физиотерапевти, порталот Rodale`s Organic Life пренесе кои точно 12 нешта вашите физиотерапевти можат да ги откријат за вас, откако ќе поминат само еден час во правење вежби:
Дека сакате големи ташни
Ако ви е телото позатегнато на една страна, терапевтот знае дека повеќе се потпирате на една нога додека стоите, што им се случува на жените кои ги носат ташните претежно на едното рамо. Глутеалните мускули, ложата и стомачните мускули се затегнати и напнати, а веројатно имате и неприроден став на пелвисот.
Дека работите професија поврзана со седење
Знаците од седечката работа се слаб лумбален дел на `рбетот и еден колк кој е повисок од другиот. Луѓето коишто седат пред компјутер цел ден, имаат изразено напрегнати глутеуси и нозе.
Дека спиете на стомак
Оваа положба на спиење води до зголемено напрегање на вратот. Масажниот терапевт може многу лесно да ја почувствува напнатоста и вкочанетоста.
Дека многу возите
Седењето зад волан доведува до држење на главата кон напред. Луѓето коишто доста време поминуваат во автомобил, исто така често поради тоа имаат и подгрбавени рамена.
Какви повреди имате
Терапевтите можат да почувствуваат топлина и воспаление доколку имате акутна повреда. Хроничните повреди се чувствуваат како дехидрирани, згрчени мускули. Кај повторени повреди, тетивите и мускулите делуваат како затегнати жици на гитара.

Дека страдате од запек
Никогаш не би погодиле дека терапевтот би можел да ви го каже тоа, но тие навистина можат да почувствуваат дали имате запек и тоа смао поради фактот дали стомакот е тврд или мек на допир.
Дека праќате премногу СМС пораки
Хроничните пишувачи на СМС пораки чувствуваат болка кога терапевтите ќе им ги допрат рамената. Положбата на главата кон доле кога праќаме пораки, создава нерамнотежа во рамената.
Дека сте дехидрирани
Важните точки во горниот дел на грбот ќе бидат чувствителни на допир ако ја немате испиено препорачаната доза на осум чаши вода дневно, а физиотерапевтите и тоа лесно можат да го препознаат.
Дека непрестано ви е ладно
Тоа е инстинкт да ги кревате рамениците до ушите кога ви е ладно. Не е чудно што луѓето доаѓаат на терапија во зимските месеци, бидејќи токму тогаш е зголемено нивото на стресот и напнатоста во вратот и рамениците.
Дека џогирате
Колковите и долниот дел од грбот ви се затегнати, а можно е и да се пожалите на напнатост во стапалата.
Дека страдате од алергии
Ако страдате од алергии, ткивото околу очите, челото, образите и вилицата значително е чувствително и воспалено. Некои имаат и отечени лимфни јазли во пределот на градите, вратот или пак под рацете.
Дека често носите ранец
Тешките нараменици на ранецот се втиснуваат во рамениците, па мускулите на лопатките стануваат напнати како одговор на притисокот. При посетата на физиотерапевт, очекувате дека ќе ви се олеснат болките и дека ќе добиете помош да заздравите по некоја повреда.
Но, за врем

Пронајдете не на следниве мрежи: