Овие две работи се многу важни за добар секс

Две различни научни студии беа објавени неделава кои се однесуваат на тоа како да се подобри сексуалниот живот. Едната студија е посветена на жените, а другата на мажите.Според првата истражувачите сметаат дека жените кои сакаат подобар сексуален живот треба добро да отспијат, додека мажите кои сакаат да бидат подобри во креветот треба да гледаат порнографија иако досега често се зборуваше дека порното е лошо за машкото либидо.
Објавена во Journal of Sexual Medicine, првата студија следела 170 жени, а истражувачите го прателе нивното спиење и сексуалната желба потоа. За секој дополнителен час спиење, желбата за секс со партнерот се зголемила за 14 проценти. Исто така, жените кои спиеле подолго немале толку проблеми со влажноста на вагината, како оние што спиеле пократко.
„Ова откритие покажува дека недостатокот на сон ја намалува желбата за секс кај жените. Пораката што сакаме да ја пратиме не е дека повеќе спиење е секогаш подобро, туку дека е важно телото и умот да имаат доволно сон и одмор“ – вели Др. Давид Каламбах кој ја предводел студијата.
Од друга страна, студијата која се занимава со машката сексуалност, тврди дека мажите кои гледаат порно имаат поголема желба за секс со партнерката.
Истражувачите на Универзитетите УЦЛА и Конкордија анализирале податоци од 280 мажи од кои речиси половина била во сериозни врски. Тие одговарале на прашања за тоа колку часа неделно гледаат порно, колкава им е сексуалната желба и каква им е ерекцијата. Потоа во лабораторијата им била покажувана порнографија.
Оние што редовно гледале порно, биле повозбудени кога гледале порнографија за целите на истражувањето, што сугерира дека гледањето порно нема негативен ефект врз либидото, ниту пак има поврзаност со еректилната дисфункција.
„Гледањето повеќе филмови со секс се поврзува со посилен сексуален нагон, како и поголема желба за секс со партнерката“ – вели еден од истражувачите.
Тие објаснуваат и дека е можно мажите што гледаат порно, во старт да имаат посилен сексуален нагон, но студијата покажува дека многу од стереотипите за порното се неточни и дека е можно да се гледаат такви содржини и да се има здрав сексуален живот во врската.
„Не е секоја порнографија лоша за сите мажи. Вистината е дека некоја порнографија може да биде добра за некои мажи во одредени ситуации. Клучот лежи во тоа да се открие кога порнографските филмови можат да бидат корисни“ – велат истражувачите.
Заклучокот е дека додека жената спие, мажите можат да гледаат порно и се ќе биде како што треба.Според првата истражувачите сметаат дека жените кои сакаат подобар сексуален живот треба добро да отспијат, додека мажите кои сакаат да бидат подоб

Пронајдете не на следниве мрежи: