Овие мајки страшно се каат поради имањата кои им ги дале на своите деца!

Неодамнешна анкета покажала дека една од пет мајки се кае поради името кое го избрала за своето дете. Некои од причините поради кои мајките би сакале да избереле поинакво име за своите деца е асоцијацијата која името ја буди. Така една мајка објаснила дека името на нејзината ќерка го земала една терористичка група недолго по нејзиното раѓање.Друга објаснила дека на ќерката ѝ го дала името Елса а набрзо потоа излегол цртаниот филм „Frozen“ во кој главната хероина го носи тоа име.
Но, најголемата причина за каењето поради името е таа дека името е пречесто. Дури 25 проценти од мајките кои на децата би сакале да им дадат друго име рекле дека името не им се допаѓа затоа што го слушаат секаде. Нешто повеќе од десет мајки рекле дека името не им прилега на нивните деца, а 11 проценти дека не е доволно посебно. Уште 11 проценти рекле дека името е такво што на децата им создава проблеми во неговото пишување или изговор. Скратените верзии на имињата се причина поради кои 6 проценти од мајките не го сакаат името на своето дете.
Иако незадоволни од имињата кои ги носат нивните деца, мал број мајки одлучиле да ги сменат, само 6 проценти.
Но, некои мајки велат дека се откажале од тоа кога виделе како нивното дете го прифаќа своето име и како тоа со текот на времто станува дел од него.
„Како што расте, мојата ќерка станува се помалку една од другите, а се повеќе посебна индивидуа. А името иде со идивидуата“, рекла една од мајките кои зажалиле поради изборот на името на своето дете.Друга објаснила дека на ќерката ѝ го дала името Елса а набрзо потоа излегол цртаниот филм „Frozen“ во кој главната хероина го носи тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: