Овие неверојатни намирници ќе ви помогнат да го забрзате и да го подобрите метаболизмот.ЈАЈЦА
Јајцата припаѓаат во групата на намирници кои содржат најмногу протеини. Тие ги поседуваат сите девет амино киселини кои му се потребни на вашиот метаболизам за да работи забрзано. Научниците докажаа дека со конзумирање на протеини во вид на јадења со јајца за доручек ве држи сити подолго време.
СЕМЕ ЧИА
Семето Чиа е слабо познато кај нас, но во Централна и Јужна Америка тоа е познато како лек кој превентивно се користи за регулирање на дијабетес, прекумерна телесна тежина, како и кај кардиоваскуларни болести. Тоа е богато со незаситени масти, влакна и исто така подолго време може да ве одржува сити.
ЦИМЕТ
Циметот е познат во борбата против прекумерната телесна тежина како и намирник кој најмногу го забрзува метаболизмот. Причина за тоа е што му помага на дигестивниот систем во организмот, при што го регулира нивото на шеќер во крвта. Се препорачува користење на цимет како додаток во вашето кафе.
БОБИНКИ
Во ова група на овошје измеѓу другото спаѓаат: јагоди, малини, брусница, рибизли и тие се едни од најпознатите борци против болести на кардиоваскуларниот систем. Тие ја регулираат телесната тежина, добри се за дијабетичари и секако, најважни се за добра крвна слика.
ЃУМБИР
Ѓумбирот кај народот е познат како универзален лек кој служи за исфрлање на токсините од организмот и го подобрува дигестивниот систем. Овој зачин ги „топи“ килограмите и значително го олеснува варењето. Се препорачува чај од ѓумбир.
ЗЕЛЕН ЧАЈ
Кога се зборува за губење на килограмите и забрзување на метаболизмот, зелениот чај е вистински избор. Кофеинот кој го содржи зелениот чај ја подобрува енергијата и ги ослободува мастите од организмот. Се препорачуваат две до три шолји зелен чај дневно.
АВОКАДО
Авокадото е храна која е богата со незаситени масти, протеини и многу висок процент на влакна кој може да биде дури од 11 до 17% во еден плод. Исто така, авокадото може да ве одржи сити дури пет часа после конзумирањето.
СЕМЕ КИНОА
Ова семе е богато со магнезиум кој е извор на енргија и главен регулатор на шеќерот во крвта. Ова семе не користи глутен и со тоа е храна која најмалку ве дебелее, а најмногу ве прави сити.
ЛУТИ ПИПЕРЧИЊА
Капсаицинот е главната состојка на лутите пиперчиња и ги согорува мастите во вид на забрзување на метаболизмот. Кога вашиот симпатички нервен систем се активира, се ослободуваат хормони по име катехоламини. Тие доведуваат до загревање на организмот и со тоа маснотијата се раствора во организмот. Тоа значи дека вашите масти се претвораат во течност 20 минути откако ќе изедете едно луто пиперче.ЈАЈЦА
Јајцата припаѓаат во групата н
Пронајдете не на следниве мрежи:



