Овие знаци откриваат дали сте во среќна врска исполнета со љубов!

Градењето на среќна и стабилна врска во која не недостигаат љубов и страст е навистина уметност сите го посакуваат крајниот резултат, но многумина не вложуваат доволно за да ја создадат. Темелот за здрава и успешна врска се темели на доверба, почит, разбирање, поддршка, грижа и искреност, а не се гради врз лажни ветувања, нереални очекувања, манипулации и уценувања.
Да имате врска исполнета со љубов значи да сте со партнер кој ќе ве сака такви какви што сте, кој со гордост би ве покажал пред светот дури и кога сте во пижами, кој би го жртвувал својот сон за да ве гледа додека спиете, кој грижливо ќе го бакнува вашето чело за добра ноќ без да ве разбуди, а и вие со задоволство ќе му возвраќате во иста мера.
Секоја врска е различна и специјална, но среќните врски многу наликуваат една на друга. Во нив се кријат знаци кои се секојдневен доказ дека љубовта, разбирањето, страста и почитта сепак можат да виреат без пречки на едно место.
Проверете дали вашата врска ги поседува тие знаци:
Тој го буди детето во вас и секогаш знае како да ве насмее. Има многу моменти кои ги паметите само по болката во стомачните мускули предизвикана од гласното смеење до солзи со него.
Имате слатки љубовни прекари кои само вие си ги знаете. Интересните и романтични обраќања како „среќичка“, „срце“ се типични за среќните заљубени парови.
Кога сте со него се чувствувате како ништо да не може да ве повреди. Неговото присуство ви дава сила да застанете сами против светот. И да победите.
Ретко си кажувате лаги, но не сте ни безобразно и свирепо искрени еден кон друг. Знаете дека некои нешта треба да се премолчат и некои вистини да се заобиколат.
Секој има свој личен живот и приватност која другиот ја почитува. Зборот шпионирање никогаш не е поврзан со вас.
Не ни ви паѓа на ум да ја споредувате вашата врска со врската на вашата пријателка, сестра, колешка…

 

Не се задушувате еден со друг со опсесивна љубов и љубомора. Двајцата знаете дека никој не може да ја разгорува искрената љубов и страста ако живее во сенка, без простор во кој може слободно да дише.
Со него секогаш се чувствувате секси, т.е. тој прави да се чувствувате секси дури и кога сте по пижами и со разбушавена коса.
Понекогаш се чувствувате по малку зависни од него и од неговото присуство.
Тој е првата личност со која ги споделувате добрите вести. И тој со нетрпение чека да ве израдува со неговите.
Но, тој е и вашето рамо за плачење. Нему можете да му кажете буквално сè, сите ваши грижи, стравови, лоши искуства, а тој не се плаши да ги покаже пред вас своите слабости и понекогаш своите солзи.
Расправиите не се реткост, но секогаш завршуваат со искрени насмевки, страсни бакнежи и силна прегратка. Не е толку важно дали ќе успеете секогаш да стигнете до компромис, некогаш вие ќе попуштите, некогаш тој ќе остави работите да се одвиваат како што сакате вие, но најважно е на крајот од кавгата да ги заборавите неколкуте пролеани солзи и острите зборови и да се потсетите колку е важна вашата љубов.
Не чувствувате ама баш никаква потреба да ја „пласирате“ вашата љубов на Facebook. Интимноста е света за вас, а приватните моменти и убавите зборови ги чувате само помеѓу вас двајцата. Убедени сте дека не мора да бидете омилените заљубени гулапчиња на Facebook за да ја сметате вашата врска за целосна.

 

Ги признавате своите грешки и не се срамите да се извините кога сте виновни.А ниту тој не го избришал од својот речник тешкото за изговарање „извини“.
Низ тешките мигови минувате заедно, фатени за рака. Вашите проблеми се и негови, неговите стануваат и ваши. Не се разделувате на „ти“ и „јас“ кога пред вас има пречка и единствена опција која ја прифаќате е да преминете преку препреките како „ние“.
Се чувствувате комфорно кога сте заедно, дури и во моментите кога царува тишината и не правите ама баш ништо. Не се чувствувате непријатно кога разговорите ќе секнат и не чувствувате здодевност кога неактивно лежите еден покрај друг.
Не ве плашат моментите кои ги минувате далеку еден од друг. Потполно му верувате и сте убедени дека тој не би направил ништо што би ве повредило. Исто и тој не чувствува паника кога имате женска вечер или кога сте сами на некое патување.
Понекогаш правите жртви еден за друг. Во кои се крие многу љубов, благородност и грижливост во тоа да правите нешто кое го мразите за доброто на оној кого го сакате. Се разбира, тоа важи кога жртвувањето не ви штети вам и не се коси со вашите принципи и морални норми. Темелот за здрава и успешна врска се темели на доверба, почит, разбирање, поддршка, грижа и искреност, а не се гради врз лажни ветувања, нере

Пронајдете не на следниве мрежи: