Ова може да биде најважната информација на која што ќе налетате, бидејќи содржи сознание кое радикално може да го смени светот кон подобро.Монсанто не сака оваа вест да стане вирална, бидејќи може да ги побие сите нивни тврдења.
Во 2006 година, Пол Стамент патентираше една работа. Иако тој е светски познат миколог, неговиот патент не успеа да привлече многу внимание. Се прашувате зошто? Според изјавите на претставниците од компаниите кои произведуваат пестициди, овој патент претставува „вознемирувачка технологија која никако не може да се вклопи во реалноста“. И кога беше изјавено дека технологијата на Пол е вознемирувачка, веројатно се мислело дека е вознемирувачка само за претставниците од индустријата за пестициди.
Повеќе не може да се негира дека индустријата за пестициди предизвикува несакани ефекти врз земјата, луѓето, животните, растенијата и инсектите. Брзото опаѓање на популацијата на пчелите е последица од штетните хемикалии со кои се прскаат полињата ширум светот. Употребата на хемиски пестициди е дел од секојдневието и потребно е оваа пракса да се сопре и да се применат нови методи, пред да биде предоцна.
Иако повеќето земји од светот ја забранија употребата на технологијата на Монсанто, компанијата сепак оствари профит од околу 16 милијарди долари за 2014 година, што никако не би посакале нечиј изум да ја прекине заработката. Волкавиот профит им дава можност да располагаат со многу ресурси и способности да ги потиснат информациите кои би можеле да им наштетат.
Изумот на Пол е токму тоа. Имено, тој смислил начин како да ги искористи ресурсите од природата за да ги спречи инсектите да ги унишуваат растенијата. Тоа се тн. ПАМЕТНИ пестициди. Овие биопестициди нудат безбедно и скоро трајно решение со кое растенијата и посевите можат да се заштитат од дури 200.000 видови на инсекти.
Пестицидите се базираат на природна база, односно главна состојка е ентомопатогенична габа (габа која ги уништува инсектите). Всушност, овде се случува нешто интересно: миризбата ги привлекува инсектите кои се обидуваат да го јадат растението, а габата потоа ги јаде одвнатре!
Монсанто не сака оваа вест да стане вирална, бидејќи може да ги побие сите нивни тврдења.
Во 2006 година, Пол Стамент патентираше една рабо