Мачорот по име Оскар е доста чуден мачор. Имено, тој често го поминува своето време во болницата во Провиденс, САД.Оскаровиот дар јавноста го запознала во 2007 година. Мачорот шета по цел ден по болничките соби и застанува до пациентите на кои им е останато само неколку часа од животот и легнува до нив.
Доколку вратата на болниот кој умира е затворена, Оскар гребе по вратата. Во една прилика сестрите го довеле Оскар во собата на еден болен човек за кој мислеле дека умира а тој веднаш излегол од собата.
Проценката на мачорот била точна и болниот не бил пред прагот на смртта. Докторите и медицинската сестра во болницата биле толку уверени во точноста на предвидувањата на мачорот што веднаш им ѕвонат на најблиските на болниот откако мачорот ќе скокне во нивниот кревет.
Погледнете го видеото…
Оскаровиот дар јавноста го запознала во 2007 година. Мачорот шета по цел ден по болничките соби и застанува до пациентите на кои им е останат
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.