Овој сладолед чини 1000 долари: Погледнете ЗОШТО!

Ова е најскапиот сладолед на светот и чини ни помалку ни повеќе, 1000 долари.Сладоледот е направен од најскапото чоколадо на светот, Амеи Порцелана, и попрскан со парчиња од најреткото Чуао чоколадо од Венецуела, но во цената голема улога игра и 23-каратното злато што може да се јаде.
Екстравагантниот сладолед се најде на Гинисовата листа на рекорди како најскапиот десерт на светот. Можете да го најдете во ресторанот Serendipity во Њујорк, но мора да се порача два дена однапред.

Сопствениците на ресторанот откриваат дека околу 50 луѓе годишно го купуваат сладоледот, а најчесто тоа го прават за годишнини, матури и за родендени.
Сладоледот е со вкус на ванила. Освен што е попрскан со најскапото чоколадо и покриен со златен лист, во десертот има и позлатени бадеми и специјално карамелизирано овошје од Париз, кое треба да отстои неколку месеци претходно, позлатен шеќерен цвет, за чија подготовка се потребни 8 часа, чоколадни тартуфи и цреши со марципан. На врвот има мала чаша со најфиниот сладок кавијар помешан со портокали и Армањак бренди, заради што се смета и за афродизијак.
Клиентот може да си ја задржи чинијата како спомен на денот кога го изел ова ремек-дело.

Ресторанот го служи овој сладолед веќе 8 години, а идејата беше за прв пат остварена на 50-годишнината на ресторанот. Гордиот готвач објаснува: „Нема подобар начин да се прослави јубилејот од тоа да влеземе во Гинисовата книга на рекорди, и сладоледот вреди за секој долар што е исплатен“.
Се чини дека и посетителите се согласуваат со тоа. 30-годишната Ерин Јистел од Далас, Тексас изјавува: „Сладоледот е превкусен и неверојатен, а истовремено е и лесен за јадење. Дефинитивно вреди за сите 1000 долари“.
Сладоледот е направен од најскапото чоколадо на светот, Амеи Порцелана, и попрскан со парчиња од најреткото Чуао чоколадо од Венецуела, но во ценат

Пронајдете не на следниве мрежи: