Овошен десерт од овесни снегулки

Потребни состојки за овој овошен десерт се:
2 парчиња банани
1 чаша боровинки
Половина чаша мед
1 чаша овесени снегулки
Половина чаша лешници
1 кесенце цимет во прав
1 лажиче сол
1 чаша пресно млеко
1 јајце
1 супена лажица естракт од ванила
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 C. Излупете ги бананите и исечете ги на резанки. Намачкајте ја тавата во која ќе печете и подредете ги резанките банана на дното. Потоа додадете половина од боровинките, цимет, една супена лажица мед и покријте со фолија. Печете 15 минути за да омекнат бананите.
За тоа време, помешајте го овесот, половината лешници, и 2-3 лажици цимет (по вкус) и сол. Размешајте убаво. Вo друг сад  помешајте го остатокот од медот, млекото, јајцето и  екстрактот од ванила.
Извадете ја тавата од рерна и врз печеното овошје додајте ја смесата од овес , а потоа млечната смеса и сето тоа убаво да се распореди. Одозгора додадете боровинки и мелени лешници и повторно вратете ја во рерна и печете околу 30 минути.
Сервирајте додека е топло.
Повеќе рецепти можете да најдете на najadise.mkПотребни состојки за овој овошен десерт се:
2 парчиња банани

Пронајдете не на следниве мрежи: