Овошен десерт за освежување во топлите денови Потребни состојки:
50мл сок од јагоди
80гр малини
80гр боровинки
6 лажици слатка павлака
250гр маскарпоне
150гр крем сирење
2 лажици шеќер во прав
1/2 лажиче рендана кора од лимон
6 бисквити
околу 50мл кафе
За посипување- рендано чоколадо
Подготовка:
Подгответе десертни чаши.Овошјето измијте го и оставете да се исцеди, во меѓувреме сварете го кафето. Во подлабок сад ставете го маскарпонето, крем сирењето, слатката павлака,шеќерот и кората од лимон. Кратко изматете со миксер за да се спојат сите состојки.
Во друг сад ставете го сокот од јагоди и кафето. Натопете ги бисквитите со оваа мешавина и распоредете ги во чашите. Врз нив ставете од мешавината овошје и одозгора ставете од кремот со маскарпоне.
Да одстојат фрижидер 1-2 часа. Пред послужување одозгора нанесете го ренданото чоколадо.Потребни состојки:
50мл сок од јагоди
80гр малини
80гр боровинки
6 лажици слатка павлака
2