Во Домот на здравство во Шабац се одвивал вистински хорор кога пациент денеска нешто пред десет часот избодел со нож медицинска сестра. Се работи за 55-годишна вработена која искрварила до смрт.Како што пренесуваат српските медиуми, пациентот влегол и ја прободел сестрата во сестринската соба, па излегол во чекалната каде седнал и ја чекал полицијата.
В.В. кој до смрт ја избодел сестрата според неофицијалните податоци, имал нарушено ментално здравје, и со години се лечел на психијатриското одделение, а некоја година поминал и во затвор.
Мотивот за нападот засега не е познат.
Напаѓачот е уапсен, а полицијата врши увид. Сестрата била веќе мртва кога ја однеле на Ургентно, имала сериозни исекотини и убоди, па не можело да се направи ништо за да се спаси нејзиниот живот.Како што пренесуваат српските медиуми, пациентот влегол и ја прободел сестрата во сестринската соба, па излегол во чекалната каде седнал и ја чекал