Падна снег во неколку градови во Македонија

Слаб снег кој не се задржува на коловозот има кај Крива Паланка, Страцин, Гостивар, на планинските превои Пресека и Смојмирово, а дожд врне во Дебар, Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Кочани и Делчево, информираат од ЈП „Македонија пат“.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот. 
Повеќе врнежи ќе има во планинските региони на северозападот и истокот од земјава, каде се очекува формирање или зголемување на снежната покривка. Формирање на мала снежна покривка до крајот на денот е можно понекаде и во пониските делови на северот од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе 
биде во интервал од 0 до 6 степени.
Во Скопската котлина облачно со слаби локални врнежи, во повисоките делови од снег, а во пониските од дожд и снег. Температурата ќе достигне 4 степени.
И утре во крајните западни делови ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Во останатите делови преку денот ќе има сончеви периоди. Утре и во среда ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а температурата осетно ќе се зголеми. Поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд се очекува во среда доцна попладне, како и во текот на ноќта кон четврток кога поради нагло заладување со силен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег.

 
 
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелир

Пронајдете не на следниве мрежи: